„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот

Промени на брадавиците

Жените никогаш не треба да ги игнорираат промените на градите, вклучувајќи ги и брадавиците.

Ако забележите каква било промена, консултирајте се со лекар бидејќи кога станува збор за рак на дојка, раната детекција може да биде клучна за успешно лекување.

zasramuvachki-simptomi-i-problemi-so-zdravjeto-koi-ne-treba-da-gi-kriete-od-lekarot-06.jpg

Неволно испуштање урина

Уринарната инконтиненција претставува неволно испуштање урина, односно неможност да се контролирате кога имате потреба за мокрење.

Без разлика колку ви е срам да разговарате за ова, сепак станува збор за симптом кој не треба да го игнорирате.

Важно е да знаете дека не е така ретка појава и може да биде предизвикана од разни причини, вклучувајќи инфекции на уринарниот тракт, инфекција или иритација на вагината, но и некои лекови.

Некогаш причината се и ослабени карлични мускули.

zasramuvachki-simptomi-i-problemi-so-zdravjeto-koi-ne-treba-da-gi-kriete-od-lekarot-07.jpg

Појава на влакна на невообичаени места

Кај жените постојат неколку здравствени состојби кои можат да предизвикаат појава на влакна на невообичаени места, како лицето или градите.

Овде спаѓаат и проблеми како синдром на полицистични јајници и хормонални промени, па немојте да ја игнорирате оваа појава.

zasramuvachki-simptomi-i-problemi-so-zdravjeto-koi-ne-treba-da-gi-kriete-od-lekarot-08.jpg

Сексуално преносливи болести

Многу луѓе се срамат да се консултираат со лекар кога се сомневаат дека имаат сексуално пренослива болест, најмногу поради мислењето дека ќе бидат критикувани или осудувани.

Но, овие болести се многу честа појава, вие не сте единствените што сте се заразиле со нешто, а со соодветен третман, повеќето од нив се лекуваат релативно лесно.

zasramuvachki-simptomi-i-problemi-so-zdravjeto-koi-ne-treba-da-gi-kriete-od-lekarot-09.jpg

Хемороиди

Хемороидите се навистина честа појава и се претпоставува дека се јавуваат кај речиси половина од населението.

Ако забележувате симптоми како болка при одење во тоалет, крвав измет и болка или чешање во аналниот отвор, голема е веројатноста да имате хемороиди.

Консултирајте се со лекар бидејќи постојат третмани кои ќе ви помогнат да се ослободите од непријатните симптоми.

zasramuvachki-simptomi-i-problemi-so-zdravjeto-koi-ne-treba-da-gi-kriete-od-lekarot-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg