9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат
Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање на очите.
Сите барем еднаш сме се соочиле со сувост, иритација или чешање на очите.
Во повеќето случаи, овој симптом не укажува на нешто сериозно. Но, сепак, доколку иритацијата трае, добро е да знаете што би можело да биде причината.
Секако, ако сте згрижени, немојте сами да си поставувате дијагнози или да се лекувате, туку одете на лекар.
Неколку можни причини за иритација на очите:
Сезонски алергии
Ова е една од поочигледните причини.
Односно, ако имате сезонски алергии, веројатно сте подготвени на иритацијата на очите што ја предизвикуваат.
Сезонските алергии можат да предизвикаат црвенило и чешање на очите, а во некои случаи и солзење.
За да ги намалите непријатните симптоми, најдобро консултирајте се со лекар.
Други алергии
Алергијата на прашина, па и домашни миленици, како мачки, исто така може да ги иритира очите.
Симптомите се слични како кај сезонските алергии, но за разлика од нив, се јавуваат секогаш кога ќе стапите во контакт со алерген, а не само во одредени сезони.
И овојпат најдобро е да се консултирате со лекар.
Реакција на некои продукти
Шминка, кремови, па и контактни леќи – постојат многу работи од кои може да ви се јави алергиска реакција.
Ако забележите дека очите ви солзат и ви се иритирани по користењето на некој продукт, престанете да го употребувате.
Хронично суво око
Кај луѓето со суви очи, обично се лачат помалку солзи. А, бидејќи окото треба да биде влажно, ова предизвикува непријатни симптоми, како чешање и иритација.
Можно е и да чувствувате како постојано да имате нешто во окото, а и да бидете почувствителни на светлина.
Ако се сомневате дека имате суви очи, одете на лекар за да го решите проблемот.