Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето?
Промена во формата на палецот
Ако забележите дека едниот палец почнува да си ја менува формата, тогаш проблемот е ткивото под ноктите.
Односно, ткивото се стврднува, па палецот почнува да изгледа позаоблено, а ноктот малку испакнато.
Во некои случаи оваа појава може да биде знак за проблем со здравјето, па добро би било да се консултирате со лекар.
Вдлабнатини на ноктите
Вдлабнатините и сличните деформации на ноктите обично се предизвикани од неудобни чевли.
Но, некогаш можат да бидат знак на псоријаза, егзема или алопеција.
Криви нокти
Доколку ноктите растат искривени нагоре, ова може да биде знак за анемија.
Препорачливо е да одите на лекар за оваа појава бидејќи дури иако не е предизвикана од здравствен проблем, може да биде мошне неудобна.
Права линија под ноктите
Правата бела линија под ноктите генерално не треба да ве загрижува.
Но, ако забележите неколку бели линии на еден нокт, добро би било да обрнете внимание на исхраната – обично се знак за недостаток на одредени хранливи материи во организмот.
„Вдлабнати“ табани
Рамните табани се проблем, но проблем е и ако табаните одеднаш ви се вдлабнат.
Ова може да биде предизвикано од проблеми со нервниот систем, но и проблеми со ’рбетот и мускулите во стапалата.
Немојте веднаш да паничите ако забележите некоја од овие промени на вашите стапала и нокти. Во повеќето случаи, најверојатно не станува збор за сериозен проблем со здравјето.
Но, доколку промените ве загрижуваат или чувствувате други симптоми, вашиот лекар ќе може да утврди дали навистина имате некаков проблем.
Спирова С. | Црнобело