Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето?
Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, можно е да имате проблеми со тироидната жлезда.
Состојбата на стапалата и ноктите може да открие многу детали за нашето здравје.
Некогаш промените на овој дел од телото се предизвикани од проблеми со здравјето.
Нормално, не секоја ваква промена е знак за нешто сериозно, но добро би било да бидете свесни за промените, особено ако чувствувате и други симптоми.
Кои промени се можен знак за некаков проблем со здравјето?
Сува кожа што се лупи
Сувата кожа на стапалата е нормална појава, особено ако ретко користите кремови.
Но, доколку го имате овој проблем и покрај добрата нега, можно е да имате проблеми со тироидната жлезда, особено доколку чувствувате и други симптоми за ова нарушување.
Ранички што не заздравуваат
Доколку имате рана на стапалата која никако не заздравува, можно е да станува збор за дијабетес.
Слабата циркулација што е последица на дијабетесот може да го отежне зараснувањето на раните, особено на стапалата.
Отечен палец
Отечениот палец, без навидум никаква причина, може да биде знак за вид артритис.
Црвени линии под ноктите
Иако можат да изгледаат загрижувачки, овие линии генерално не се знак за нешто сериозно и настануваат при мали надворешни повреди.
Но, ако се многу изразени и се појавуваат на сите нокти, најдобро одете на лекар – можат да бидат знак за проблеми со срцето, па и лупус.