Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни?

Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави. И двете за повеќето се безопасни, но добро е да знаете како можете да го намалите ризикот од нивната појава.

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-01.jpg

Испуканите капилари се честа појава и обично се безопасни, но можат да предизвикаат непријатни симптоми, како чешање.

За повеќето луѓе, поголем проблем претставува изгледот на испуканите капилари, но постојат третмани за ова.

Од друга страна, постои и појава позната како варикозни или проширени вени која може да изгледа исто како испуканите капилари.

Што треба да знаете за испуканите капилари и проширените вени?

Зошто настануваат испукани капилари?

Испуканите капилари претставуваат оштетени крвни садови кои се наоѓаат веднаш под површината на кожата.

Најчесто имаат црвена, сина или виолетова боја и можат да бидат разгранети или да изгледаат како пајажина.

Испуканите капилари можат да се појават на секој дел од телото, но најчести се на лицето и нозете.

Испуканите капилари се појавуваат кога малите крвни садови под кожата ослабуваат и се прошируваат.

Не секогаш е јасно зошто се појавуваат, но има неколку причини како:

  • Хормонални промени
  • Генетски синдроми
  • Проблеми со сврзното ткиво
  • Повреда

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-02.jpg

Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени?

Иако можат да изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави.

Најпрво, капиларите и вените се различни крвни садови.

Вените се поголеми крвни садови кои ја носат крвта низ телото. Кога се проширени, тие се дури и испакнати.

Од друга страна, испуканите капилари не предизвикуваат испакнатини.

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-03.jpg

Кои се симптомите за испукани капилари, а кои за проширени вени?

Испуканите капилари не предизвикуваат некои изразени симптоми.

Сепак, може да се забележат некои промени, особено по долго стоење, како:

  • Грчеви
  • Чешање
  • Болка
  • Чувство на горење

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-04.jpg

Симптомите од проширени вени можат да бидат поизразени и вклучуваат:

  • Испакнати вени
  • Отечени нозе
  • Болка во нозете
  • Чешање околу областа на вените
  • Промени на бојата на кожата околу вените
  • Ноќни болки во нозете

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg