Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни?

Кога треба да одите на лекар?

Испуканите капилари многу ретко предизвикуваат компликации. Обично компликациите се јавуваат кај луѓе кои веќе имаат други проблеми со здравјето.

Ако немате никакви симптоми освен испуканите капилари, најверојатно не станува збор за сериозен проблем.

Ако сепак сте загрижени, нема да погрешите да се консултирате со лекар.

За повеќето луѓе, и проширените вени не претставуваат опасност, но препорачливо е да се консултирате со лекар ако ги забележите симптомите.

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-06.jpg

Кој е изложен на поголем ризик?

Проширените вени се честа појава и се претпоставува дека ги имаат околу една третина од возрасните луѓе.

Можат да се јават кај секого, но постојат неколку ризични фактори, како:

  • Возраст
  • Пол – почесто се јавуваат кај жените
  • Семејна историја
  • Животен стил – стоење или седење на долги период, носење многу тесна облека
  • Пушење
  • Прекумерна тежина

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-07.jpg

Слични се ризичните фактори и за испукани капилари:

  • Стоење или седење на долги периоди
  • Семејна историја
  • Прекумерна тежина
  • Хормонална контрацепција
  • Бременост
  • Минување многу време на сонце
  • Пушење

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-08.jpg

Може ли да се спречи појавата на проширени вени или испукани капилари?

За намалување на ризикот од проширени вени и испукани капилари генерално важат исти совети:

  • Избегнувајте да седите долги периоди – пробувајте да се раздвижите на секои 30 минути
  • Избегнувајте многу тесна облека
  • Вежбајте редовно
  • Внимавајте на килограмите

koja-e-razlikata-pomegju-ispukani-kapilari-i-proshireni-veni-i-dali-se-opasni-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg