Витамини и минерали што треба да ги внесувате уште сега, за да ги избегнете настинките во студените денови
Сите знаеме дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но кои други витамин и минерали ќе ви помогнат да го зајакнете организмот за полесно да се справите со претстојната сезона на настинки?
Иако има уште неколку месеци до почетокот на зимата, а со тоа и сезоната на настинки, препорачливо е уште сега да почнете да работите на зајакнување на имунитетот.
Со ова ќе ги избегнете настинките кои се почеста појава во зима или, во најмала рака, ќе ги поминете со полесни симптоми.
Здравата исхрана не најдобриот начин да го зајакнете целиот организам, а постојат и некои витамини и минерали кои значително помагаат во овој процес.
Кои витамини и минерали треба да почнете да ги консумирате почесто уште сега?
Витамин А
Витаминот А е клучен за видот, имунитетот, како и растот и развојот кај деца и тинејџери.
Исто така, важен е и за правилната работа на повеќе органи, како срцето и белите дробови.
Лесно можете да го зголемите внесот на витамин А и само преку исхрана.
Намирници кои се богати со витамин А вклучуваат:
- Зелен лиснат зеленчук (како марула и спанаќ)
- Зеленчук со портокалова и жолта боја, како моркови
- Домати
- Црвени бабури
- Рибини масла
- Млеко
- Јајца
Б витамини
Постојат неколку Б витамини, како Б1, Б2, Б3…
Овие витамини имаат важна улога во многу процеси во нашето тело, како разградување на аминокиселините и разнесувањето на кислородот низ организмот.
Секој од Б витамините има разна функција во организмот, вклучувајќи подобрување на здравјето на клетките, нивото на енергија, функцијата на мозокот и нервите…
Б витамините се особено важни за бремените жени и мајките кои дојат.
Постојат многу намирници богати со Б витамини, како:
- Млеко
- Јајца
- Пилешко месо
- Риба
- Зеленчук како цвекло и компири
- Грав и наут
- Јаткасти плодови
- Темнозелен зеленчук како спанаќ