Витамини и минерали што треба да ги внесувате уште сега, за да ги избегнете настинките во студените денови

Витамин Ц

Добро познат факт е дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот.

Покрај тоа, го штити телото од слободните радикали – молекули кои се поврзани со појава на болести на срцето, рак и слично.

Исто така, витаминот Ц помага во апсорпцијата на железо.

Бидејќи нашето тело не произведува витамин Ц, важно е да консумирате храна која го содржи.

Овде спаѓаат намирници како:

  • Цитрусно овошје
  • Домати
  • Пиперки
  • Зелка
  • Брокула
  • Спанаќ

vitamini-i-minerali-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ushte-sega-za-gi-izbegnete-zimskite-nastinki-04.jpg

Витамин Д

Витаминот Д го поттикнува апсорбирањето на калциумот, а важен е и за одржување на потребната концентрација на калциум и фосфат во коските.

Витаминот Д штити остеопороза, а може и да ги намали воспаленијата во телото.

Храната богата со витамин Д вклучува:

  • Лосос
  • Туна
  • Жолчки од јајца
  • Говедски црн дроб
  • Печурки

vitamini-i-minerali-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ushte-sega-za-gi-izbegnete-zimskite-nastinki-05.jpg

Цинк

Цинкот е минерал кој е клучен за правилна функција на имунолошкиот систем и имунитетот.

Исто така, цинкот го поттикнува заздравувањето на раните.

Овој минерал помага и во борбата против настинки. Но, доколку пиете други лекови, разговарајте со лекар пред да земате суплементи со цинк бидејќи може да ја намали ефикасноста на лекот и да предизвика несакани ефекти.

За да го зголемите внесот на цинк, консумирајте повеќе:

  • Морска храна
  • Грав
  • Јаткасти плодови и семиња
  • Млечни продукти
  • Месо

vitamini-i-minerali-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ushte-sega-za-gi-izbegnete-zimskite-nastinki-06.jpg

Ако се храните здраво и разновидно и немате здравствени проблеми, тогаш сигурно внесувате доволно од овие витамини и минерали.

Доколку сепак сакате да земате и додатоци во исхраната, задолжително консултирајте се со лекар.

Некои суплементи, како оние со цинк, можат да реагираат со одредени лекови. Покрај тоа, постои и опасност од „предозирање“ со некои суплементи.

Вашиот лекар ќе ви каже дали има потреба да внесувате додатоци во исхраната, а ќе ви помогне и да ја одредите соодветната доза за вас.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg