Начини на лекување на курје око - како да го отстраните сами дома?

Силна болка во стапалото и зацрвенета кожа која е груба на допир се знаци дека ќе ви се појави курје око. Тесните и неудобни чевли се најчестата причина за појава на овие израстоци. Ви претставуваме неколку начини како сами да си помогнете...

nacini-na-lekuvanje-kurje-oko-kako-da-go-otstranite-sami-doma-01_2.jpg

Многу луѓе не прават разлика помеѓу жуљевите и курје око и сметаат дека тоа е едно исто.

Курје око на почетокот премногу наликува на жуљ, па токму затоа се случува и погрешно да го лекуваме. 

Курје око е мало, тркалезно и болно задебелување на кожата кое наликува на жуљ, кое најчесто се појавува на стапалата. 

Овој израсток се појавува кога има долготраен механички притисок врз меките ткива на стапалата, најчесто поради носење неудобни или тесни чевли. 

Централниот дел на таканареченото курје око - коренот, допира до подлабоките структури на кожата и како трн кога е под притисок и ги „боцка“ нервните влакна предизвикувајќи болка.

nacini-na-lekuvanje-kurje-oko-kako-da-go-otstranite-sami-doma-02_copy.jpg

Како настанува курје око?

Постојат повеќе причини за појава на овој израсток.

Одговорот на прашањето „како настанува курје око“ се наоѓа во притисокот што го трпи стапалото, поради несоодветни обувки, а ова се некои од причините:

- при носење на непријатни и тесни чевли кожата на стапалата постојано се трие од рабовите на чевлите и предизвикува болка;

- доколку долго стоите на едно место или носите високи потпетици, се создава притисок само на еден, специфичен дел од стапалото кој е најмногу погоден од неправилното држење;

- некои луѓе кои се повеќе склони кон создавање на курје око, како поради генетски предиспозиции кои вклучуваат повисок лак на стапалото што создава зголемен притисок на прстите. Исто така и неправилното движење поради вродени или стекнати деформитети може да допринесе за појава на курје око;

- ако свирите на инструмент или правите работи за кои е неопходно да се користат рацете, може да се појави курје око и на вашите дланки;

- при носење чевли без чорапи, чевлите и стапалата почнуваат да се тријат, по што со сигурност ќе се појави курје око;

- ако страдате од дијабетес, циркулацијата на стапалата е отежната и постои поголем ризик за појава на курје око.

Курје око најчесто се појавува на местата на стапалата кои трпат најмногу притисок, односно на делот кон палецот или на малиот прст, а може да се појави и на петите. 

Кога се појавува на самото стапало е многу тврдо и предизвикува болка, додека кога се јавува на страничниот дел и кај прстите има поблага форма и е многу помеко.

nacini-na-lekuvanje-kurje-oko-kako-da-go-otstranite-sami-doma-04.jpg

Симптоми

Најчест симптом дека ќе се појавува курје око е болката во стапалата. Пред појавата на курје око, кожата е многу црвена и при допир се чувствува болка.

Откако ќе се појави израстокот кожата е груба, тврда и задебелена, додека стапалата се со жолтеникава боја. 

Разликата помеѓу обичните жуљеви и курје око е во тоа што центарот, односно коренот на курје око се протега длабоко во кожата и предизвикува силна болка.

Кожата станува чувствителна на допир, а може да се појави на повеќе места.

nacini-na-lekuvanje-kurje-oko-kako-da-go-otstranite-sami-doma-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg