Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присутна?

Како се лекува болеста?

Генерално, кај заболените лекарите се обидуваат да се справат со симптомите од болеста, односно да ја одржат рамнотежата на флуиди во телото и да се справат со абнормалноста на електролити.

Истовремено, се третираат и други инфекции доколку се појават.

На пациентите им се дава и лек – рибавирин – со кој се спречува размножувањето на вирусот и се намалува неговата моќ.

koi-se-simptomite-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-i-vo-koi-drzhavi-e-prisutna-05.jpg

Во кои држави е присутен вирусот и како можете да се заштитите?

Вирусот што ја предизвикува болеста е ендемичен во неколку земји. Ова значи дека, генерално, тој е постојано присутен во овие области.

Но, ако вирусот е ендемичен во некоја држава, не значи дека го има на целата нејзина територија – можно е да станува збор за само одделни области.

Конго-кримската хеморагична треска е ендемична во Македонија, како и околните држави вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија…

Вирусот е присутен и во неколку африкански држави, како Египет, Етиопија, Кенија и Јужноафриканска Република.

Го има и во Турција и неколку азиски држави како Иран, Ирак, Пакистан, како и во дел од Русија.

koi-se-simptomite-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-i-vo-koi-drzhavi-e-prisutna-06.jpg

Засега нема вакцина за оваа болест и потребни се дополнителни истражувања за оваа цел.

Според Центарот за контрола и превенција на болести од САД, лицата кои работат со животни е препорачливо да носат ракавици и друга заштита. Препорачливо е и на животните редовно да се ставаат средства против крлежи.

Исто така, ако одите во област со крлежи, носете облека со долги ракави и ногавици и користете средства против инсекти.

Држете се настрана од животни кои покажуваат симптоми на болеста.

Ако се сомневате дека некој ваш близок ја има болеста, внимавајте да не дојдете во контакт со негова крв или телесни течности и веднаш обратете се кај надлежните органи.

koi-se-simptomite-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-i-vo-koi-drzhavi-e-prisutna-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg