6 причини за утринска мачнина кои не се бременост
Ниското ниво на шеќер во крвта, но и анксиозноста можат да предизвикаат утринска мачнина и гадење.
Утринската мачнина е симптом кој веднаш го поврзуваме со бременост.
Поради ова, многу девојки и жени кои не се подготвени за бременост паничат ако неколку дена по ред се разбудат со утринска мачнина.
Уште полошо е ако ова се случува во период кога треба да добијат менструација или им доцни.
Но, бременоста не е единственото нешто што предизвикува утринска мачнина.
Ако не се обидувате да забремените, многу поверојатно е да биде предизвикана од следниве причини:
Неквалитетен сон
Без разлика имате несоница, апнеја за време на спиење или само сте си легнале многу доцна, неквалитетниот сон може да има влијание врз дигестивниот систем.
Кога не сте доволно наспани, утрото кога ќе се разбудите е сосема нормално да почувствувате мачнина.
Ако се разбудите, а уште сте уморни, се активира механизмот за справување со стресни ситуации, а ова може да предизвика мачнина.
Ниско ниво на шеќер во крвта
Ако имате ниско ниво на шеќер во крвта, ќе чувствувате замор и слабост.
Нивото на шеќер може да се намали ако не се храните здраво или ако сте прескокнале оброк.
Па, ако вечерта сте изеле нешто мрсно или не сте јаделе целиот ден, следното утро можно е да ви падне нивото на шеќер и да почувствува мачнина.
Во оваа ситуација препорачливо е да изедете некоја полесна храна и ќе го смирите стомакот.
Киселини
Утринската мачнина може да биде предизвикана и од начинот на исхрана.
Ако навечер изедете храна која ви предизвикува киселини, следното утро речиси сигурно ќе се разбудите со мачнина.
Дехидратација
Додека спиеме, нашето тело почнува да дехидрира. Ако претходниот ден сте испиле малку вода, дехидратацијата станува уште поизразена, па следното утро ќе чувствувате мачнина.
Кога ќе испиете доволно течности, непријатниот симптом би требало да помине.
Анксиозност
Анксиозноста може да предизвика мачнина, особено ако ви претстои некој стресен настан.
Кога сме под стрес, во телото се ослободуваат одредени хормони кои влегуваат во дигестивниот систем, па затоа предизвикуваат гадење.
Затнат нос
Можеби звучи чудно, но и затнатиот нос може да предизвика мачнина и гадење.
Кога носот и синусите се затнати, се создава притисок на внатрешното уво, а токму ова предизвикува гадење и мачнина.
Спирова С. | Црнобело