Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници
Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. Затоа, важно е да бидете свесни за симптомите.
Ракот на јајници е осмиот најчест вид на рак кој се појавува кај жените, како и 18-тиот најчест вид на рак воопшто.
Според податоците на World Cancer Research Fund International, само во 2020 година биле регистрирани над 300.000 нови случаи на рак на јајници.
Најголемиот проблем кај ракот на јајници е тоа што на почетокот можно е да не се јават никакви симптоми. Доколку, пак симптомите се појават, неретко се припишуваат на други проблеми, поради што ракот целосно се игнорира.
Што значи, за секоја жена е важно да биде запознаена со симптомите на болеста, како и ризичните фактори, со цел да може да реагира навреме.
Што претставува ракот на јајници?
Јајниците се дел од женскиот репродуктивен систем. Тие се всушност жлезди со овална форма кои се лоцирани од двете страни на матката.
Во јајниците се складирани јајце-клетките. Истовремено, овие жлезди ги лачат и хормоните што ги регулираат менструалниот циклус и бременоста.
За време на овулација, едниот јајник ослободува јајце-клетка. Овој процес се случува во секој менструален циклус на жената (еднаш месечно), сè додека не настане менопауза.
Ослободувањето на јајце-клетка запира и за време на бременост.
Генерално, ракот е болест која се карактеризира со неконтролирано размножување на абнормални клетки. Обично почнува од еден орган и, ако не се третира, може да се прошири и на други делови од организмот.
Ракот на јајници е дефиниран како група болести кои се јавуваат во јајниците или јајцеводите.
Ракот на јајници се карактеризира во разни видови тумори од кои дел се поагресивни и поопасни.
Кои се симптомите?
Важно е да бидете свесни за промените во вашето тело, како и симптомите кои се нормални за вас.
Односно, треба да бидете свесни за вашите ПМС, како симптомите за време на менструација, со цел да можете да забележите кога нешто не е во ред.
Симптомите на рак на јајници се чувствуваат често (10-тина пати месечно) и вклучуваат:
- Подуен стомак или чувство на подуеност
- Болка или зголемена чувствителност на стомакот или во областа на карлицата
- Намален апетит
- Зачестена потреба за уринирање
- Вагинално крвавење по менопауза
Постојат и симптоми кои обично не ги би ги поврзале со проблеми со јајниците, како:
- Дигестивни проблеми
- Констипација или дијареја
- Замор
- Ненадејно слабеење
- Болка во грбот