30 секунди за повеќе енергија
Во есенските тмурни денови не е изненадување да се чувствувате уморни и омалаксани. Следниот пат кога ќе забележите дека ви опаѓа нивото...
...на енергија вклучете ги своите сетила за да си освежите телото и умот.
1. Звук. Слушајте музика. Според најновите истражувања музиката игра важна улога во обнова на клетките.
2. Допир. Допирот може да ви даде енергија. Држењето на нешто мазно во раце може да ве смири особено ако го триете со палецот на другата рака.
3. Вид. Гледајте во нешто жолто. Жолтата и портокаловата боја даваат енергија.
4. Мирис. Мирисот на портокал и нане води до подобро расположение и позитивни искуства.
5. Вкус. Вкусот на лимон на јазикот ги активира нервните завршетоци во устата и ја поттикнува мозочната активност. Ве освестува и спремни сте за акција.