„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“

„Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состојбата. Бев изненадена од тоа што миењето садови ме смири“ – вели девојка која страда од напади на анксиозност, а одлучила да ги тестира најпопуларните трикови за смирување и да утврди кои од нив ѝ помагаат, а кои не.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-01.jpg

Секој што некогаш се справувал со напади на анксиозност знае дека тоа воопшто не е пријатна ситуација и дека тие најчесто се јавуваат под влијание на силен стрес.

Девојка по име Марија, која страда од напади на анксиозност, за Brightside споделува дека честопати станува нервозна кога треба да разговара на телефон со непознати луѓе, да разговара преку видеоповик или да се справи со некои проблеми во домот или на работното место.

Како што вели, ваквите „стресни“ ситуации честопати ја ставаат во состојба блиска на паничен напад, а чувствува силно срцебиење и неможност за расудување.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-05.jpg

Таа тестираше 12 популарни методи за брзо справување со нападите на анксиозност и појаснува кој од нив, според неа функционира, а кој не.

12-те методи што ги тестирала Марија и нејзиното искуство:

Одвојте време за грижи

Луѓето што се борат со анксиозност честопати добиваат препорака да одвојат по 20 минути од денот што ќе ги посветат само на грижи, и тоа да го прават секој ден во исто време - напладне или неколку часа пред да спијат.

„Методот има свои лоши страни, јас не можам да ‘се грижам’ само во точно определено време, а идејата дека треба да размислувам за тоа подоцна, ми делуваше наивно“ – вели таа.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-17.jpg

Дување балони

Дувањето балони или балончиња со мастики ве тера да почнете да дишете длабоко и, како резултат на тоа, се намалува анксиозноста. Но, Марија вели дека ниту ова не ѝ помогнало премногу.

„Можеби дував премногу брзо, па почна да ми се врти и само повеќе ми се влоши анксиозноста“ – вели таа.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-02.jpg

Одвојте неколку минути во денот за вежби со дишење

Марија вели дека техниките за дишење што се користат за време на јога вежбите може да ви помогнат да се справите со стресот, но и за да го подобрите менталното здравје.

„Седнете долу, во позиција во која се чувствувате удобно, и исправете го грбот. Ставете ги рацете на стомакот.

Прво, полека вдишете длабоко со носот и издишете повторно со носот, додека не почувствувате дека ви се стегаат мускулите во стомакот.

Времетраењето на издишувањето треба да биде идентично со времетраењето на вдишувањето.

Повторете ја вежбата 10 пати. Не знам дали процесот ме смири, но сигурно ми го тргна паметот од непотребни мисли“ – вели таа.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-04.jpg

Дишете наизменично низ двете ноздри

Низ некои практики на медитација честопати се користи и наизменично дишење низ двете ноздри од носот.

Потребно е да седнете во „лотус“ поза, односно со прекрстени нозе, и со прстот да ја притиснете едната ноздра, па да дишете само со другата околу 5 секунди.

Потоа го задржувате воздухот 5 секунди, па со прстот ја притискате другата ноздра и дишете околу 5 секунди.

„Ова вообичаено треба да се прави неколку минути. Можеби не ги следев добро упатствата, но не успеав да се смирам“ – вели Марија.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-03.jpg

Миење садови

Некои понови истражувања велат дека миењето садови може да ви помогне да се смирите кога имате напади на анксиозност.

„Можеби ви звучи чудно, но кога се обидов да ги измијам садовите не затоа што се натрупаа, туку како дел од експеримент, тоа ми помогна да се смирам и да се сконцентрирам“ – вели Марија.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-14.jpg

Испијте чаша вода

Количеството течности што го внесувате може многу да влијае на вашето здравје, но и на менталната состојба, па затоа е потребно да пиете најмалку 5 до 6 чаши вода дневно за да можете полесно да се справувате со стресот.

„Мене, чаша вода секогаш ми помага да се смирам, да земам здив и да почнам да размислувам подобро“ – вели Марија.

probav-12-razlichni-nachini-za-spravuvanje-so-napadi-na-anksioznost-shto-pomaga-a-shto-ne-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg