Акните се едeн од најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај 80% од адолесцентите, најчесто на возраст од 12 до 30 години. Првите промени се јавуваат во пубертетот, се манифестираат како црни или бели комедони, а најчесто се засегнати лицето (T-зоната), грбот и деколтето. На комедоните понатаму може да се развие воспаление, односно папула (бубулица) или пустула (гнојаница). Пациентот треба да има трпение, бидејќи лекувањето може да потрае и неколку месеци. Во одредени состојби кога има хормонален дисбаланс мора да има комуникација дерматолог – ендокринолог - гинеколог...