Eucerin® DermoPURIFYER дава одлични решенија за правилно чистење и нега на кожа со акни
Акните се едeн од најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај 80% од адолесцентите, најчесто на возраст од 12 до 30 години. Првите промени се јавуваат во пубертетот, се манифестираат како црни или бели комедони, а најчесто се засегнати лицето (T-зоната), грбот и деколтето. На комедоните понатаму може да се развие воспаление, односно папула (бубулица) или пустула (гнојаница). Пациентот треба да има трпение, бидејќи лекувањето може да потрае и неколку месеци. Во одредени состојби кога има хормонален дисбаланс мора да има комуникација дерматолог – ендокринолог - гинеколог.
Добри резултати и задоволен пациент се добиваат со поставување на точна дијагноза и препорака за користење на соодветни препарати, кои ќе овозможат намалување на акните и подобрување на изгледот на кожата.
Eucerin® DermoPURIFYER ДАВА ОДЛИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВИЛНО ЧИСТЕЊЕ И НЕГА НА КОЖА СО АКНИ. Се намалува замастувањето, се смирува воспалителниот процес и иритациите на кожата, се регулира размножувањето на бактериите одговорни за промените на кожата, а комедоните полека се топат и ги ослободуваат изводните канали на лојните жлезди. Благодарение на уникатниот липозомен систем, млечната киселина делува директно на местото каде што е проблемот, а околната здрава кожа е заштитена. Тоа овозможува производите на Eucerin® DermoPurifyer да може да се користат во текот на целата година и слободно да се комбинираат со лековите од фармацијата, со цел побрз резултат во третман на акните.
Серијата DermoPURIFYER се состои од гел за миење на лице, тоник и пилинг за хигиена на масна кожа, производи за нега - матирачки хидратантен крем за нетретирана масна кожа, интензивен хидратантен крем со SPF 30 за нега на третирана и дехидрирана масна кожа, активен ноќен крем, стик-коректор и концентрат кој го засилува ефектот на кремите.
Со индивидуален пристап кон пациентите и правилна препорака за користење на производите на Eucerin® DermoPurifyer, се добиваат позитивни резултати во лекување на акните и пред сѐ задоволни пациенти.