Жолто руменило - новиот хит на Инстаграм

Последниот тренд за шминкање веќе ја преплави социјалната мрежа, а изгледа многу подобро од што првично звучи.

zholto-rumenilo-noviot-hit-na-instagram-001.jpg

Трендовите за шминка оваа година налагаат смели бои, како на очите, така и на усните, a еден производ речиси секогаш останува занемарен.

Но, ако нешто нè потсети храбриот мејкап на Ријана на неодамна оджаната Met Gala, тоа е дека и руменилото може да диктира нечиј изглед. И токму сега, социјалната мрежа Инстаграм ја преплави смелиот тренд за убавина, во кој главната улога ја игра жолтото руменило.

View this post on Instagram

A post shared by Stella Julian Hardy (@stellajulian)

Иако руменилото вообичаено го поврзуваме со розовата, портокаловата или црвената боја, визажистите и блогерките го започнаа овој тренд за шминкање, со не баш типична нијанса.

https://www.instagram.com/p/2CiO8_Btmb/

Доколку веднаш помисливте дека оваа боја не може никако да изгледа добро на образите, ќе се изненадите кога ќе видите како всушност им ласка на различните нијанси на тенот.

Кога малку ќе подразмислите, навистина и има смисла, бидејќи повеќето луѓе веќе имаат жолтеникави подтонови на лицето, па со самото тоа, ова руменило нема да ни изгледа како маска. 

Жолтата боја му дава посвеж изглед и сјај на лицето, а иако звучи како храбар избор, сепак, мошне лесно е да се навикнете на неа. Kако и секое друго руменило, може да биде суптилно или упадливо, зависно од приликата, како и вашите навики за шминка.

https://www.instagram.com/p/BO2RRM_BjpE/

Во секој случај, станува збор за изненадувачки убав тренд, кој секако се исплати да го испробате, барем преку летото, затоа што на потемнетиот и исончан тен, дефинитивно ќе изгледа најдобро.

Колку што знаеме, на нашиот пазар сè уште не постои жолто руменило, но за овој изглед шминкерите најчесто користат сенки за очи, па ако се осмелите на ваков потег – знаете со што може да ги постигнете.

Што мислите вие - ДА или НЕ?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg