Што да правите секој ден, ако не сакате кожата да ви остаре прерано?

Колку пати досега сте биле премногу мрзливи за да ја избришете шминката пред да легнете во кревет? Колку пати досега сте решиле да го поминете денот без да го измиете лицето?

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-01.jpg

Токму таквото однесување предизвикува пребрзо стареење на кожата.

8 причини заради кои секој ден треба да ја бришете шминката од лицето:

1. Како да спречите појава на акни?

Ако мислите дека овој проблем се случува само на тинејџери, се лажете. Акните се појавуваат кога порите се затнати и кожата не може природно да дише, а тоа доведува до појава на инфекции и бубулици.

Ако имате акни, користете посебно немасно средство за отстранување на шминката и вода.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-1-1.jpg

2. Како да го забавите процесот на стареење на кожата на лицето?

Кожата во текот на ноќта се регенерира, а ако не е чиста, побрзо старее и се појавуваат брчки затоа, не заборавајте да ја миете кожата пред спиење.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-02.jpg

3. Како да го негувате лицето?

Ќе повториме, нема ништо подобро од тоа да си легнете со чисто лице, со отстранета шминка и рехидрирано со креми кои содржат антиоксиданси.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-3.jpg

4. Како да ги спречите алергиите?

Вашата кожа може да биде подложна на алергии дури и кога не сте свесни за тоа, ниту пак имате видливи симптоми. За да не ви се појават егземи и други здравствени проблеми, морате да ја отстранувате шминката пред спиење.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-04.jpg

5. Како да избегнувате пигментација на кожата?

Ако сте забележале темни делови на кожата, тоа не мора да е само затоа што сте биле изложени на сонце. Пигментацијата е последица од хроничните алергични реакции на кожата кои се случуваат, ако не ја чистите редовно и правилно кожата.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-05.jpg

6. Како усните да ви бидат хидрирани?

Дури и кога не го гледате, карминот сепак, останува на усните, ако не го избришете добро.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-6.jpg

7. Како да спречите подочници и подуени очи?

Ако често ја оставате шминката на себе кога легнувате, очите стануваат потемни. Со други зборови, за да немате подочници, морате редовно да го чистите лицето за да изгледате здрави и свежи.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-7.jpg

8. Како да спречите трепките да ви паѓаат?

Ако сакате трепките да ви останат долги и густи, морате да ја вадите маскарата пред спиење.

shto-treba-da-pravite-za-kozata-na-liceto-da-ne-vi-ostare-prebrzo-08.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg