За сите опседнати со хајлајтер - ќе го обожавате овој што се прелева како виножито
Хајлајтерот е исто што и јаготката на шлагот – последниот чекор во шминкањето кој го истакнува делот над нашите јаболчници и усните или секаде каде што имате желба да блескате.
Навистина e тешко да се пронајде добар хајлајтер во козметичкиот свет кој нуди многу достапни бои кој сјаат со различен интензитет.
Американската компанија Chaos Makeup создаде хајлајтер кој ќе го задоволи и вкусот на најпребирливите. Блескаво, сјајно и се прелева како виножито.
Формулата е кремаста, а кокосовото масло ѝ дава прилично уникатна текстура. Штом се нанесе на кожата се трансформира во вистински калеидоскоп од бои.
Хајлајтерот е природен, вегански и што е најважно – не се тестира врз животни.
Кој не би сакал да го има ова божество во кутија?
(О)Милена | Црнобело