0 влакна, 0 грижи, безброј насмевки!
Доколку го бараме најдобриот начин за отстранување на влакната од нашето тело во домот решението е многу едноставно, безболно и брзо. Производите на Philips од брендот Lumea за отстранување на влакната нудaт решение кое жените веќе го нарекоа револуција во депилирањето. Новата иновативна технологија на интензивна пулсирачка светлина (IPL) овозможува мазна кожа без влакна и до неверојатни 8 недели. Нежните светлосни пулсирања ефикасно и безбедно го прекинуваат циклусот на растење на влакната, а она што е зачудувачки е моментот што ќе забележиме намалување на влакната дури и до 92% и тоа само по 3 третмани со Philips Lumea Prestige.
Секоја жена сака да има совршено депилирани и мазни нозе и тоа без оглед на годишното време. Многумина од нас се одлучуваат за прилично непријатното и непрактичното решение со бричење на нозете или пак со депилирање користејќи најразлични креми или восоци. Иако тие можеби изгледаат како едноставни и брзи методи за отстранување на несаканите влакна, сепак докажано се лошо решение.
Зачестеното бричење, влакната ги прави сè подебели и поостри, а по некое време може да дојде до зараснати влакна. Исто така редовното бричење може да доведе до иритација на кожата и повреди. Доколку пак се одлучиме за отстранување на влакната со користење на восок во сопствениот дом потребно е големо внимание и дебели нерви. Депилацијата со восок е најболна метода за отстранување на влакната тоа без разлика дали користите топол или ладен восок. По бричењето нозете се мазни само неколку дена, додека по депилација до 20 дена. Доколку барате најдобар начин и најефикасно решение за отстранување на влакната во домот без посета на скапите третмани во салоните за убавина, тогаш решението е во Lumea IPL.
Нежните светлосни импусли прават неверојатни работи а може да се користат на лицето, телото и бикини зоната. Со редовни третмани можеме да уживаме во мазната кожа секој ден. Клиничките студии докажаа значително намалување на влакната по само три третмани со помош на иновативната IPL технологија. Таа е заснована на светлина кое се нарекува IPL (Intense Pulsed Light), пуслирачка светлина со висок интензитет. Компанијата Philips со години работи заедно со водечките дерматолози на светот во развој на револуционерен производ за отстранување на сите непосакувани влакна на телото. Тестирањата кои што Philips ги направи за Lumea IPL технологијата траеја повеќе од 10 години.
Со помош на двата нови уреди - Philips Lumea Prestige и Lumea Advanced се совршени за да имате безгрижна пролет и безброј насмевки на пријатното сонце без грижи за влакната на вашето тело.