Разговoр со Андреј Миске, професионален фризер и стилист

Едукативниот семинар на RED CAT  и јубилејот една година од присуството на овој реномиран словенечки бренд на македонскиот пазар го искористивме како повод да разговараме со Андреј Миске професионален фризер, рапер, продуцент и многу повеќе кој беше дел од овој настан. Со него отворивме неколку теми.

razgovor-so-andrej-miske-profesionalen-frizer-i-stilist-001.jpg

1. Изминативе неколку години сте посветени на фризерскиот занает и шминкањето, и постојаното усовршување на ова поле. Отворивте неколку свои салони. Колку оваа работа Ве исполнува?

Од секогаш сум се усовршувал и ќе се усовршувам затоа што човек учи додека е жив. Фризерскиот занает и шминкањето како професија ми доаѓаат сосема природно. Работам интензивно, ја сакам работата, така што воопшто не ми претставува тешкотија. Се чувствувам продуктивен, задоволен од самиот себе, а дополнително ме мотивираат задоволните клиенти.

Сега сум во Делчево, имам свој салон и работата добро ми оди.

2. Соработувате со многу наши јавни личности.  Хрватската звезда Северина пред своите настапи во Македонија, Ви дава одврзани раце кога станува збор за фризурата и шминката. Колку довербата е важна работа, за да можете како стилист и фризер комплетно да се изразите?

Да, сум работел и работам со многу балкански звезди, еве ја земавте за пример Северина, ја спремав за настапи на концерти неколку пати и соработката ни оди одлично и со неа и со другите балкански звезди. Но, морам да истакнам дека за мене сите клиенти се зезди, се важни и максимално им се посветувам. Не ги двојам на звезди и обични луѓе, и сметам дека сите луѓе подеднакво заслужуваат да изгледаат добро и да се чувствуваат убаво.

3. Во својата работа го користите словенечкиот бренд RED CAT, нова козметичка линија производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Како ја оценувате?

Соработувам со RED CAT, бидејќи овој бренд го исполни тоа што го очекував. Сум работел долги години со разни брендови,  и можам да кажам дека јас како критичар можам да кажам дека овој бренд ми го даде мене и на моите клиенти очекуваното и потребното. Производите се со посебна формула заснована на протеин добиен од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, и се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.

razgovor-so-andrej-miske-profesionalen-frizer-i-stilist-1.jpg

4. Кога станува збор за правилна нега на косата, што Вие и препорачувате на една жена?

Редовно да се грижи за себе. Да не штеди на убава фризура, и врвна козметика бидејќи во спротивно губи од својата женственост и самодоверба. А кога жена е полна со себе, нема граница, што се може да направи. Жените во суштина се многу силни, само им треба мотив и поддршка.

5. Андреј Миске е добро познат на пошироката јавност како рапер кој зад себе направил соработка со повеќето наши ѕвезди, дали ви недостига поинтензивната посветеност на музиката?

Музиката ја правам од душа, а не за слава, и најчесто со другари и од забава. Никогаш и не можам да се откажам од неа бидејќи била, е,  и ќе биде дел од мене. Добрата музика релаксира, забавува опушта. На ова поле не можам да планирам, работите спонтано се случуваат. Од каде да знам, може веќе утре ќе излезе некој хит, и нешто добро. Она што знам за себе, е дека сакам да уживам во животот, а мое мото е отсекогаш да го правам она што го сакам.

razgovor-so-andrej-miske-profesionalen-frizer-i-stilist-01_copy_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg