Мадона става глина на задникот – Евтини трикови за убавина кои ги користат славните дами
Мадона вели дека обрнува внимание на секој дел од телото, не само на лицето. На пример, за да се справи со сувата кожа на лактите и колената, таа користи серуми за лице.
Иако можат да си ги дозволат најдобрите третмани, и познатите жени користат трикови за убавина кои некогаш не чинат ништо.
Кои трикови можеме да ги научиме од нив?
Хали Бери избегнува да користи пудра за лице
Актерката верува дека без разлика на возраста, секоја жена може да изгледа добро и без пудра ако води добра нега на кожата на лицето.
Таа вели дека пудрата ја суши нејзината кожа, па смета дека изгледа подобро без неа.
Џеј Ло спие само на грб
За да ја избегне појавата на брчки, пејачката тврди дека спие само на грб.
Мадона го негува секој дел од телото
Пејачката вели дека покрај негата на кожата на лицето, никогаш не ги запоставува другите делови од телото. Таа редовно нанесува серуми за сува кожа на колената и лактите бидејќи на оваа област кожата е природно посува.
Мадона вели и дека редовно става маска од глина на нејзиниот задник.
Бијонсе го контурира лицето со крем со заштитен фактор
Овој трик го сподели мејк-ап артистката на Бијонсе. Имено, пејачката нанесува крем со заштитен фактор 15 и 20.
На деловите од лицето кои сака да ѝ бидат посветли става повисок фактор, а на останатите понизок.
На овој начин лицето е заштитено од сонце, но се контурира природно од сончањето.
Вера Ванг користи масла за бебешка кожа
73-годишната дизајнерка смета дека бебешките масла за кожа ја потхрануваат и хидрираат кожата подобро од кој било продукт.
Парис Хилтон ги обожава вештачките трепки со магнет
За Парис Хилтон, вештачките трепки со магнет се многу подобри од трајните или трепките со лепило, најмногу бидејќи се лесни за ставање и вадење.
Џенифер Анистон става вазелин на лицето
За да ја намали појавата на брчки, актерката вели дека честопати става вазелин на областа околу очите.
Сепак, бидете внимателни со овој трик ако имате мрсна кожа.
Кејт Хадсон го мие лицето со многу студена вода
Кејт Хадсон вели дека го освежува лицето со ледена вода.
Во сад става вода со неколку коцки мраз и го држи лицето внатре околу една минута.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





