Трикови што ќе ви помогнат да се нашминкате како професионалец
Пред да ставите коректор за темните кругови околу очите, не заборавајте да нанесете хидратантен крем.
Не секој може да се шминка како професионалец, но ако обрнете внимание на некои детали, вашата шминка може да изгледа професионално.
Всушност, не мора да имате некој талент за шминкање, туку треба да се е фокусирате на работи како нега на кожа и добро светло.
Како вашата шминка да изгледа професионално?
Не заборавајте да ја хидрирате кожата
Пудрата, но и другата шминка нема да изгледа воопшто добро на исушена кожа, дури и ако ги користите најскапите продукти на пазарот.
Мора да водите добра грижа за кожата на лицето ако сакате шминката да изгледа убаво.
Пред да се нашминкате исчистете го лицето, ставете хидратантен крем, почекајте да се впие, па почнете со шминкање.
Секако, ако е ден, не заборавајте пред шминката да нанесете крем со заштитен фактор.
Користете природна светлина
Ништо не може да ја замени природната светлина и само со неа ќе можете да ги воочите несовршеностите во вашата шминка.
Ако сепак нема природна светлина и треба да користите вештачко светло, внимавајте да ви го осветлува целото лице подеднакво. Односно, изворот на светлината не треба да биде над или под вас бидејќи ќе создаде сенки и нема да видите ништо.
Неносење шминка не е исто со шминка со природен изглед
Периодов вистински хит е суптилната шминка со природен изглед поради која лицето изгледа како воопшто да не е нашминкано.
Важно е да знаете дека ова не е воопшто исто со неносење шминка.
За шминка со природен изглед сепак се користи пудра, коректор, руменило и други продукти кои ги прикриваат несовршеностите како црвенило.
Па, немојте да се чудите зошто вашата кожа не изгледа беспрекорно без шминка како инфлуенсерките на Инстаграм.
Ставете крем околу очите пред да ставите коректор
Ако имате темни кругови околу очите, веројатно користите коректор.
За коректорот да изгледа подобро, прво нанесете крем во областа околу очите.
Бидејќи кожата ќе биде хидрирана, од коректорот нема да се направат мали линии кои изгледаат како брчки.
Нанесете го коректорот со сунѓерче за шминкање
Важно е добро да го размачкате коректорот за да не се познава.
Најлесно ќе го направите ова со најобично сунѓерче за шминкање.
Немојте да се плашите од смела шминка
Слободно експериментирајте со шминката и не плашете се да користите смели бои.
Внимателно нанесувајте го хајлајтерот
Хајлајтерот може да ги истакне карактеристиките на лицето, но само ако го нанесете правилно.
Доволно е да ставете малку хајлајтер на јаболкниците, на врвот од носот и на врвот од брадата, односно на деловите од лицето кои се природно поистакнати.
Секако, бидете и умерени.
Розовиот кармин е секогаш добар избор
Ако не сте сигурни каков кармин да ставите, розовата нијанса слична на природната боја на вашите усни е секогаш добар избор.
Спирова С. | Црнобело