3 работи што треба да ги избегнувате во грижата за кожата, според дерматолог

Кога станува збор за нега на кожата, сите имаме сопствени тајни: од изборот на сапун или гел за туширање, до кремовите за тело и секако изборот на луфа, сунѓер или крпа за миење. Кои три работи треба да ги избегнувате според дерматолог?

tri-raboti-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-grizhata-za-kozhata-spored-dermatolog-001.jpg

Настрана изборот на гелови, купки и сапуни, она што нè интересира е - дали користењето луфа, сунѓер или крпа за миење е во ред? Дали овие предмети навистина помагаат или носат дополнителна штета?

На социјалната мрежа ТикТок корисникот Д-р Чарлс (@drcharlesmd1) е познат по тоа што ги разоткрива популарните митови за нега на кожа.

Според него, најдобро е телото да се мие само со раце, затоа што „луфата е еднаква на вреќа со бактерии, сунѓерот предизвикува мали пукнатини во кожата, а крпите за миење се едноставно 'гадни'“.

Tri-raboti-sto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-grizata-za-kozata-na-vasheto-telo-05.jpg

Погледнете го видеото во продолжение:

@drcharlesmd1

♬ Mr. Perfectly Fine (Taylor’s Version) (From The Vault) - Taylor Swift

Доколку сте од оние што сакаат да користат помагала за туширање, погледнете неколку совети:

За да избегнете наталожување на бактериите, треба да водите сметка луфата да биде чиста.

Според информациите што ги објавува Health Essentials на Cliveland Clinic, како прво правило, кога ќе завршите со туширање, најдобро е веднаш да ја измиете луфата и да ја ставите на суво место (подалеку од бањата) за да се исуши.

Tri-raboti-sto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-grizata-za-kozata-na-vasheto-telo-02.jpg

Исто така, можете еднаш неделно да ја исчистите во раствор од вода и околу 10% варикина (1l вода и 100ml варикина).

Ја оставате да отстои околу 5 минути во мешавината, а потоа ја перете темелно со ладна вода и треба да ја ставите да се исуши во целост, пред да ја вратите во бањата.

Понатаму, доколку користите луфа од природни материјали треба да имате предвид дека тие треба да се менуваат почесто, односно на секои 3 до 4 недели.

Доколку забележите каков било непријатен мирис на неа, или пак забележите знаци на мувла, треба веднаш да ја фрлите.

Ако користите луфа, запомнете дека треба да избегнувате со неа да ги миете интимните делови на телото или лицето. Тие делови се нежни и нема потреба да ги триете.

Tri-raboti-sto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-grizata-za-kozata-na-vasheto-telo-03.jpg

Некои луѓе, пак, сметаат дека наместо луфа може да користат сунѓер или крпи за миење. Кога станува збор за сунѓери, се препорачува и тие да се менуваат често и за нив важат истите правила за редовно одржување и чистење како и за луфата.

Што се однесува, пак, до крпите за миење, се смета дека тие се најлесни за одржување, затоа што по секое користење лесно можете да ги ставите во машина за перење.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg