Многу хајлајтер, дречливи сенки - популарни трендови кои шминкерите ги мразат

Се чини дека секоја недела се појавува некој нов тренд за шминкање, но само затоа што нешто е популарно, не значи дека изгледа добро на секого.

mnogu-hajlajter-drechlivi-senki-popularni-trendovi-za-shminkanje-shto-mejkap-artistite-gi-mrazat-01.jpg

Според професионалните мејкап артисти, неретко, дури и најпопуларните трендови не изгледаат воопшто добро во реалноста.

Дел од нив можеби се одлични за фотографирање, но дефинитивно не изгледаат добро кога ќе ги погледнете во живо.

8-те трендови за шминкање што шминкерите ги мразат:

Шминка за селфи

Во овој случај станува збор за „нападна“ шминка која често ја гледаме на социјалните мрежи. Според експертите, неретко контурирањето е направено со многу темна нијанса и се познава, се ставаат големи вештачки трепки и воглавно целото лице изгледа премногу нашминкано и вештачко.

mnogu-hajlajter-drechlivi-senki-popularni-trendovi-za-shminkanje-shto-mejkap-artistite-gi-mrazat-02.jpg

Претерано исцртување на веѓите

Веѓите можат да го променат целиот ваш изглед, па затоа внимавајте како ќе ги исцртате.

Не треба да додавате премногу темна нијанса на веѓите и тие не треба да изгледаат како да се залепени на вашето лице. Најдобро е да им дадете малку волумен со помош на сенка или моливче, и секогаш обидувајте се да постигнете што е можно поприроден изглед.

mnogu-hajlajter-drechlivi-senki-popularni-trendovi-za-shminkanje-shto-mejkap-artistite-gi-mrazat-03.jpg

Немојте да претерувате со хајлајтерот

Можеби на фотографиите ќе изгледате одлично со многу хајлајтер, но во реалноста вашето лице ќе изгледа мрсно или испотено.

Доволно е да нанесете многу малку хајлајтер на деловите што сакате да ги истакнете.

mnogu-hajlajter-drechlivi-senki-popularni-trendovi-za-shminkanje-shto-mejkap-artistite-gi-mrazat-04.jpg

Не претерувајте со дречливите сенки за очи

Кога нанесувате дречлива сенка за очи, најдобро е да ја комбинирате и со други бои.

Повторно, можеби дречливата сенка изгледа одлично на фотографии, но во реалноста ќе изгледате како да носите шминка за некој маскенбал.

А, кога ќе ја комбинирате сенката и со други нијанси, осигурете се дека добро ќе го исенчате окото.

mnogu-hajlajter-drechlivi-senki-popularni-trendovi-za-shminkanje-shto-mejkap-artistite-gi-mrazat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg