Што сè треба да знаете пред да почнете да користите витамин Ц на вашето лице?
Помеѓу осветлувањето на темните дамки на лицето и заштитата од штетните УВ зраци, постојат уште многу позитивни придобивки што витаминот Ц ќе ги направи за вашата кожа.
Но, типот на серум со витамин Ц што ќе го изберете, како и начинот на којшто го користите и чувате, може значително да влијаат на тоа колку придобивки може да извлечете од него.
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги осветлува темните дамки, ги измазнува ситните брчки и што е најважно ја заштитува кожата од загадувањето и УВ зраците.
Со текот на времето слободните радикали од животната средина можат да ја оштетат кожата, што доведува до предвремени знаци на стареење и го зголемуваат ризикот за рак на кожата.
Сепак, не сите производи на пазарот коишто содржат витамин Ц се квалитетни, дел од нив може да бидат иритирачки за кожата.
Важно е да ја прочитате етикетата на производот и да знаете што навистина добивате за парите, а особено треба да внимавате доколку имате чувствителна кожа.
Што всушност ќе добиете доколку користите витамин Ц на вашето лице?
Го поттикнува производството на колаген
Една од главните придобивки на серумот со витамин Ц е што високата концентрација на витаминот помага да се зголеми производството на колаген.
Како резултат на тоа, вашето тело може да произведе повеќе колаген, кој помага во борбата против брчките и тенките линии на лицето.
Ги намалува темните кругови и подочници
Серумот со витамин Ц помага во ублажувањето на темните круговите под очите и подочниците. Ова е одлично за оние коишто се постојано уморни и ненаспани, а сакаат да имаа младешки, сјаен и енергичен изглед.
Ја подобрува хидратацијата на кожата
Доколку имате сува кожа, серумот со витамин Ц треба да стане дел од вашата препаративна рутина. Витаминот Ц ќе му овозможи на лицето висока хидратација, што ќе му даде сјај и свежина.
Го намалува црвенилото на лицето
Дали страдате од црвенило на лицето, темни дамки и друг тип на промени во однос на бојата, односно тенот? Доколку сакате да имате здрав и изедначен тен, по само неколку употреби на витамин Ц серумот веднаш ќе забележите огромна разлика, а црвенилото ќе започне да се повлекува.
Препораки за користење:
Користете го серумот со витамин Ц наутро
За максимални ефекти најдобро е да го користите витаминот Ц наутро пред да излезете од дома и да го започнете својот ден, кога УВ радијацијата е највисока.
Но, витаминот Ц станува помалку ефикасен кога е изложен на светлина, па затоа е важно да му дадете време да се апсорбира во вашата кожа пред да излезете надвор. Серумот со витамин Ц вообичаено се нанесува на свежо исчистената кожа, но пред да ставите хидратантен крем за лице.
Каков серум да одберете?
Различни производи може да содржат широк спектар на концентрации на витамин Ц. Во принцип, тие се движат од под 5% до 30% и оваа концентрација може да има различен ефект на кожата.
Оние со сува или чувствителна кожа добро е да користат серум со концентрација од околу 5%. Но, оние со помрсна кожа или со поизразени проблеми во поглед на пигментацијата може да се справат со повисоки концентрации, како на пример 20% витамин Ц во серумот.
Со што не се комбинира витаминот Ц на кожата?
Витаминот Ц е генерално прилично безбеден и кожата го толерира одлично, но доколку имате чувствителна кожа, може да ве пецка - особено ако го користите во истиот дел од вашата рутина со моќен ексфолијант или специјални киселини за пилинг.
Состојката што треба да ја избегнете при употреба на витамин Ц е бензоил пероксидот, кој може да го оксидира витаминот Ц, и според тоа, да го направи помалку моќен. Па избегнувајте го комбинирањето на двете состојки во истиот дел од вашата рутина.
Втората е ретинолот. Бидејќи имаат слични ефекти врз кожата, експертите сепак советуваат да не се користат ретинолот и витаминот Ц заедно.
Како да го чувате серумот правилно?
Витаминот Ц е чувствителен на светлина и воздух. Кога е изложен на овие фактори, тој оксидира на дехидранскорбинска киселина, која е помалку стабилна и помалку ефикасна. Значи, овие производи треба да се чуваат во непроѕирни шишенца до коишто нема да допира светлина или воздух.
(О)Милена | Црнобело