Работи на кои мора да обрнете внимание пред да ставите ботокс

Немојте да одите да ставате ботокс кај кого било, никако немојте да нарачувате ботокс онлајн и немојте да криете детали од вашата здравствена историја доколку ви постават прашања за тоа.

raboti-na-koi-mora-da-obrnete-vnimanie-pred-da-stavite-botoks-01.jpg

Ботоксот се користи од 1980 година, но неговата првична намена не била пополнување на борите на лицето, туку лечење страбизам и блефароспазам (присилно треперење на очниот капак).

Денес е најпознатата естетска интервенција во светот, а неговиот третман трае само 10 минути.

Иако генерално ова е безопасен третман, мора да земете предвид некои работи пред да го направите.

На што мора да обрнете внимание пред да ставите ботокс?

Бирајте искусен и проверен лекар

Детално распрашајте се за ординацијата во која ќе одите. Постојат многу лажни лекари кои ќе ви ги земат парите, а ќе завршите со трајни последици на вашето лице.

raboti-na-koi-mora-da-obrnete-vnimanie-pred-da-stavite-botoks-02.jpg

Побарајте да ви го покажат оригиналното пакување

Побарајте од лекарот да ви го покаже оригиналното пакување ако првпат одите кај него.

Немојте да дозволите да ви аплицираат супстанци од непроверено потекло за кои ќе дадете огромна сума исто како за оригиналите.

Проверете дали користат нова, стерилизирана опрема

Ова е можеби и едно од најважните нешта при одење на било какви третмани. Не се изложувајте на непотребни ризици.

raboti-na-koi-mora-da-obrnete-vnimanie-pred-da-stavite-botoks-04.jpg

Никако не купувајте ботокс преку интернет

Ботоксот не е играчка, затоа сериозно размислете дали навистина сакате да го ставите доколку немате доволно финансии за тоа.

Не се залажувајте да нарачувате евтин ботокс преку интернет затоа што е од сомнително потекло и не можете да знаете што ќе добиете.

Покрај тоа, освен ако не сте лиценцирани, сигурно ќе си направите сериозна штета ако пробувате да го ставите сами. 

raboti-na-koi-mora-da-obrnete-vnimanie-pred-da-stavite-botoks-03.jpg

Информирајте го лекарот за вашата здравствена состојба и историја

Отворено зборувајте за вашата здравствена историја, на што сте алергични и дали имате некаков здравствен проблем.

Лицето што ќе ви го става ботокосот треба да знае дали постои ризик од каква било реакција, па не треба да криете ништо од него. 

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg