Црвен фустан наместо црвен кармин: Како да изгледате попривлечно во машките очи?

Вкусовите се различни. Сепак, постојат одредени нешта со кои жените ќе им го свртат погледот на мнозинството припадници од посилниот пол. Што е тоа кое момците сакаат да го видат на девојките?

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-1.png

Одговорот го даде истражувањето на веб-страницата Zooks, откривајќи разлики помеѓу мажите и жените во перцепцијата на „убавото“.

Иако повеќето девојки мислат дека фраерот неизбежно ќе падне на црвениот кармин, во суштина на момците им е секогаш поатрактивен природниот изглед.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-2.jpg

Дури 57 проценти од испитаниците одговориле дека не го преферираат црвениот кармин, додека 82 проценти изјавиле дека повеќе им се допаѓаат природната и распуштена коса, наспроти трендовските фризури или коњското опавче.

Како да изгледате попривлечно во машките очи? Ова се петте совети кои ќе ви бидат од полза:

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-3.png

Црвената е боја на љубовта. А, мажите ги сакаат боите на жените. Интензивните бои се визуелно и ментално стимулативни. Сепак, доколку сте решени да го привлечете со бојата на страста, подобро е да ја имате во гардеробата, одошто на усните.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-4.jpg

Наместо жар црвен кармин, облечете нешто во оваа огнена нијанса за романтичниот состанок. Со изборот на црвен фустан – ќе оставите впечаток на смела и самоуверена жена. Тоа дејствува како моќен афродизијак за припадниците на посилниот пол.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-5.png

Кога не се задоволни со нејзиниот облик или текстура, жените неретко ја врзуваат косата во репче. И тоа е сосема во ред. Од друга страна, на мажите повеќе им прави мерак кога е пуштена.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-6.jpg

Не дека и коњското опавче не може да биде секси. Меѓутоа, лелеавата коса едноставно им буди мечта да ги провлечат прстите низ неа. Па, доколку целта ви е фраерот да падне на вашиот изглед, пуштете и ја косата слободно да паѓа.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-7.png

Можеби девојките се чувствуваат посекси со појака шминка на лицето, ама дури 66 проценти од момците сметаат дека партнерката е поатрактивна кога не претерува со боите. Особено темните тонови.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-8.jpg

Мнозинството мажи го претпочитаат природниот изглед на жените. Наместо драматични очи и интезивни усни, одлучете се за минимум шминка на лицето, плус кармин или сјај во боја на кожата.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-9.png

Иако е врежано мислењето дека жената е најатрактивна кога ќе покаже што повеќе гола кожа, на мажите при првата средба ќе им биде попривлечна ако остави нешто и на имагинацијата. Тенка е границата помеѓу еротичното и вулгарното.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-10.jpg

Наместо прекумерно изложување на физичките атрибути, играјте на картата на дозирана сензуалност. Добро е да се знае и дека на припадниците од посилниот пол, неодолово секси им е кога девојката наутро ќе се вовлече во нивната полузакопчана кошула. Така барем велат резултатите од споменатото истражување.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-11.png

Скоцканиот изглед од глава до пети, којшто испраќа порака како да сте симнале од модна писта, по сѐ изгледа не проаѓа баш најдобро кај мажите. Според истражувањето на Zooks, ним сепак повеќе им се допаѓаат девојките во класична варијанта. Обичната маичка и фармерки се непогрешлив избор.

crven-fustan-namesto-crven-karmin-kako-da-izgledate-poprivlechno-vo-mashkite-ochi-12.jpg

Истото правило важи и за накитот. Можеби вашата пријателка ќе се вљуби во штосното тиркизно ланче што го имате на себе, но на момците ќе им се чини како пренападно на првиот состанок. Ако се прашува посилниот пол, минималистичкиот накит е секогаш подобар избор.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg