Трикови за убавина заради кои ѕвездите изгледаат беспрекорно

Сте забележале ли дека славните личности стануваат уште поубави како што стареат?

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-01.jpg

Секако дека во младоста изгледале прекрасно, но професионалците кои сега се грижат за нивната убавина, прават тие да блескаат без разлика на возраста.

Еден од нив е козметичарот Харолд Лансер кој работи со познатите убавици како Викторија Бекам, Џенифер Лопез, Ким Кардашијан, Бијонсе и Скарлет Јохансон.

Дознајте кои се тајните и триковите кои тој ги практикува за да направи ѕвездите да изгледаат беспрекорно и применете некој од нив:

Не ги стискајте забите

Според Лансер, изразот на лицето е главната причина за појава на брчки. Многу луѓе прават различни фаци дури и кога не зборуваат. Некои луѓе имаат навики како стискање на забите навечер при спиење, или стискање на усните кога се сликаат.

За да го минимизирате непосакуваното појавување на брчки на лицето, контролирајте ги овие навики и избегнувајте ги.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-02.jpg

Нанесувајте крема за лице 60 секунди по миењето

Докторот препорачува нанесување на крема веднаш по миењето. Благодарение на ова, влажноста ќе остане помеѓу кремата и кожата, а ако почекате повеќе од 1 минута по миењето, влажноста ќе испари и кожата ќе почне да се суши.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-03.jpg

Не пијте алкохолни пијалаци ден пред депилација

Вреди да се откажете од кој било алкохол барем еден ден пред закажаниот термин за депилација. Дури и минимална количина на алкохол може значително да го намали ефектот на отстранувањето влакна и да го направи поболен.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-04.jpg

Намокрете ја косата пред да се бањате

Пред да влезете во базен или море, намокрете ја косата со обична вода за да ја заштитите од непосакуваните ефекти на хемикалиите во базените или од солта во водата.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-05.jpg

Не користете памук за нанесување шминка

Ако нанесувате пудра со раце, повеќе ќе заштедите и нема да ви се впива вишокот во памукот и плус подобро ќе го нагласите ефектот.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-06.jpg

Користете подлога за шминката

Прајмерот ќе го спречи сушењето на кожата, а масната кожа ќе ги заштити порите од навлегување честички од кремата во нив и со тоа ќе се намали ризикот за акни.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-07.jpg

Бричете се на сува кожа

Многумина бричењето го прават додека се тушираат и додека кожата е мокра, но ефектот ќе биде подобар ако прво направите пилинг и ја исушите целосно кожата.

Откако ќе завршите со бричењето, задолжително нанесете крема. Со овој метод ќе го избегнете проблемот на внатрешни влакненца и иритација на кожата.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-08.jpg

Мијте ги забите пред појадокот

Во текот на ноќта, голем број на бактерии се собираат во усната празнина. Ако стекнете навика забите секогаш да ги миете пред првиот оброк, а не по него, нема да ги „изедете“ сите овие бактерии со појадокот.

Според докторот, кожата на неговите пациенти кои се придржуваат до ова правило изгледа подобро споредено со кожата на оние кои го оставаат миењето за подоцна.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-09.jpg

Користете вода со собна температура

Обидете се да се бањате, миете и да пиете вода која не е многу ладна. Претерано ладната или топлата вода ќе ја дехидрира кожата на лицето, што ќе предизвика сушење. Водата на собна температура е оптимална за кожата.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-10.jpg

Не користете пудра со фактор

Ако редовно ставате крема за сончање, или вашата дневна крема содржи фактор, тогаш нема потреба да купувате и пудра со заштита од сонце. Тој ќе ја направи текстурата на пудрата погуста и тоа е дополнителен товар за кожата.

trikovi-za-ubavina-zaradi-koi-holivudskite-dzvezdi-izgledaat-besprekorno-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...
6 секојдневни трикови со кои веднаш ќе изгледате подобро Направете поинаква фризура, со мраз освежете ја кожата и уште неколку совети за ...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
6 ѕвезди со несовршени нозе, кои не се срамат од нив и гордо ги покажуваат Сара Џесика Паркер има таканаречени „машна нозе“ - споени кај колената, но со ду...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg