Косата ја суши природно, јаде домашна храна: Тајните за убавина на Ева Лонгорија
Ева Лонгорија веќе навлезе во четвртата деценија од животот и изгледа поубаво од кога било.
Познатата актерка ги истакнува негата за лицето и телото, правилната исхрана и физичката активност како клучни работи за одличен изглед.
Во продолжение прочитајте дел од нејзините трикови и совети за нега:
Негувана кожа на лицето и телото
Според Ева, најважната работа за изгледот на лицето е кожата да биде чиста и негувана, а не да се прекрива со шминка по секоја цена. Актерката вели дека често прави третмани за лице, природни маски, пилинзи и масажа не само на лицето, туку и на целото тело. Омилени козметички производи ѝ се балзам за усни, бронзер и маскара.
Од производи за коса, ги користи исклучиво оние кои не содржат сулфати. Вели дека секогаш кога може, ја остава косата во природното издание, без да ја фенира или стилизира. И се разбира, не пропушта да ја отстрани шминката секоја вечер пред легнување.
Физичка активност
„Не се придржувам кон еден ист тип на вежби. Вежбам јога, трчам и понекогаш одам во теретана, ама ретко бидејќи мразам теретана. Но, никогаш не правам само еден тип вежби“, вели познатата Латиноамериканка.
Видете каква физичка активност вам најмногу ви одговара и уживајте во неа. Никогаш нема да постигнете резултати ако правите нешто што одвај чекате да заврши.
Многу вода и домашна храна
Ева ја истакнува важноста на водата. „Пијте вода колку што е можно повеќе. Ако ви е здосадено да пиете вода од обична чаша или шише, ставете ја во шолја или пијте ја од термос. Мал трик со кој ќе го излажете умот дека пиете некој друг пијалок“.
Актерката е позната по тоа што многу сака да готви и се труди да најде време за готвење секогаш кога може бидејќи храната подготвена дома е секогаш најздрав и највкусен избор.
М. В. | Црнобело