6 чекори со кои стапалата ќе ви бидат негувани преку цела година

Стапалата минуваат низ сериозно голем притисок секојдневно. Затоа, покрај сите неудобни чевли и часови стоење, заслужуваат и третмани за негување.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-001.jpg

Тоа не значи дека секоја недела треба да одите на педикир. Но, истиот можете да го правите дома.

6 важни чекори и правила со кои стапалата ќе ви бидат негувани преку целата година и нема потреба од посебни подготовки пред да облечете сандали.

Стапалата секогаш треба да бидат суви

Сите знаеме дека влажната средина е идеална за развивање на габични инфекции, па затоа трудете се стапалата да се секогаш суви.

Не носете едни исти обувки повеќе дена по ред, купувајте чевли од природни материјали и добро бришете ги нозете после туширањето.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-02.jpg

Сечете ги ноктите правилно

Неправилно исечените нокти може да направат сериозни компликации. Затоа, држете се до правилото дека ноктите се сечат рамни, не заоблени. Не ги сечете и отстранувајте кутикулите, туку само нежно поттурнете ги кон крајот на ноктот со специјална алатка.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-03.jpg

Чистете ги ноктите и стапалата правилно

Направете купка во топла вода од 15-20 минути. Додадете 1 лажичка сол во 1 литар вода. Повторувајте го овој процес еднаш неделно, бидејќи тој е одличен за чистење на сите потенцијални опасности. Плус, по секоја купка, чистете ги ноктите со конец за заби.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-04.jpg

Еднаш неделно правете домашен третман

Потопете ги нозете во вода во која претходно сте додале 5 лажички сода бикарбона, малку гел за туширање и неколку капки есенцијално масло. За бебешки мека кожа истријте ги стапалата со камен или турпија по третманот.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-05.jpg

Нанесувајте крема

Секој ден, буквално. Најдобро е да користите мрсни креми и балсами кои имаат глицерин во нив. Само запаметете, никогаш не ставајте крема меѓу прстите, тоа може да предизвика создавање габични инфекции.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-06.jpg

Масирајте ги стапалата

Масажите ја подобруваат циркулацијата, што е здраво. Купете си топче со пластични боцки како на сликата или најдете обично тениско топче и со нив правете масажа на долниот дел од стапалото.

6-cekori-so-koi-stapalata-ke-vi-bidat-neguvani-preku-cela-godina-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
7 грешки со кои си ги уништувате стапалата (и сакате да ги скриете во лето) Носите многу ниски, рамни чевли кои не ви ја даваат потребната поддршка и сами п...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg