Неочекувани причини зошто имате акни, кои не се поврзани со хормоните
Појавувањето на акни на грбот, градите и рацете знае да биде непријатно изненадување.
Иако сите прво помислуваат дека се работи за хормонална нерамнотежа, постојат други поедноставни причини поради кои малите црвени точки го напаѓаат вашето тело.
Заедно со причините, ви нудиме и ефикасни начини за елиминирање и превенција:
Акни на грбот и рамениците
Причината може да биде носењето синтетички материјали кои се тријат од грбот или пак алергија на детергентот со кој ја перете облеката. Доколку сте љубители на мрсна и пржена храна, повторно ризикот за појава на акни на грбот е зголемен.
Третман за превенција: Еднаш неделно измијте го грбот со раствор од вода и оцет со размер од 1:2.
Акни на градите
Ова може да биде предизвикано од алергиска реакција на гелот за туширање. Исто така, може да се појават како резултат на студените газирани пијалаци, зачинетата храна или честото консумирање на морски плодови.
Третман за превенција: Измешајте сода бикарбона со малку вода и со пастата масирајте ја кожата околу градите. Исплакнете со топла вода.
Акни на вратот
Акните на вратот може да бидат резултат на иритација или алергија од шампонот и маските за коса. Исто така може да се појават доколку често добивате „напади“ за многу блага храна.
Третман за превенција и елиминирање: Пребришете го вратот со памукче натопено во свеж сок од лимон или лимета и оставете да делува 10 минути. Исплакнете со топла вода.
Акни на раце
Акните на рацете може да укажуваат на проблеми со дигестивниот систем, алергии на детергенти или антибиотици. Исто така, ако често сте во базен, сауна или теретана, може да се работи за специфична габична инфекција која води до формирање на акни.
Третман за превенција: Доколку не се работи за габична инфекција, доволно е да ги поминете рацете со сок од компир. Истријте ги со него и оставете го да се исуши половина час, па потоа исплакнете.
М. Д. | Црнобело