Eucerin® DermoPurifyer дава одлични решенија за правилно чистење и нега на кожа со акни

Акните се едeн од најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај 80% од адолесцентите, најчесто на возраст од 12 до 30 години. Првите промени се јавуваат во пубертетот, се манифестираат како црни или бели комедони, а најчесто се засегнати лицето (T-зоната), грбот и деколтето.

eucerin-dermopurifyer-dava-odlicni-resenija-za-pravilno-cistenje-i-nega-na-koza-so-akni-2-02.jpg

На комедоните понатаму може да се развие воспаление, односно папула (бубулица) или пустула (гнојаница). Пациентот треба да има трпение, бидејќи лекувањето може да потрае и неколку месеци. Во одредени состојби кога има хормонален дисбаланс мора да има комуникација дерматолог – ендокринолог - гинеколог.

Добри резултати и задоволен пациент се добиваат со поставување на точна дијагноза и препорака за користење на соодветни препарати, кои ќе овозможат намалување на акните и подобрување на изгледот на кожата.

Eucerin® DermoPURIFYER ДАВА ОДЛИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВИЛНО ЧИСТЕЊЕ И НЕГА НА КОЖА СО АКНИ.

Се намалува замастувањето, се смирува воспалителниот процес и иритациите на кожата, се регулира размножувањето на бактериите одговорни за промените на кожата, а комедоните полека се топат и ги ослободуваат изводните канали на лојните жлезди. Благодарение на уникатниот липозомен систем, млечната киселина делува директно на местото каде што е проблемот, а околната здрава кожа е заштитена. Тоа овозможува производите на Eucerin® DermoPurifyer да може да се користат во текот на целата година и слободно да се комбинираат со лековите од фармацијата, со цел побрз резултат во третман на акните.

Серијата DermoPURIFYER се состои од гел за миење на лице, тоник и пилинг за хигиена на масна кожа, производи за нега - матирачки хидратантен крем за нетретирана масна кожа, интензивен хидратантен крем со SPF 30 за нега на третирана и дехидрирана масна кожа, активен ноќен крем, стик-коректор и концентрат кој го засилува ефектот на кремите.

eucerin-dermopurifyer-dava-odlicni-resenija-za-pravilno-cistenje-i-nega-na-koza-so-akni-2-01.jpg

Со индивидуален пристап кон пациентите и правилна препорака за користење на производите на Eucerin® DermoPurifyer, се добиваат позитивни резултати во лекување на акните и пред сѐ задоволни пациенти.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg