3 трикови кои видливо ги намалуваат стриите
Стриите се непријатност за секоја жена. Иако не е можно целосно да ги отстраните постојат трикови кои ќе ги направат речиси невидливи.
Со придржување до овие правила резултатите ќе бидат видливи веќе по 6 дена.
1. Масажа со масла
Подрачјето на кои се јавиле стриите намачкајте го со маслиново, бадемово или кокосово масло. Со врвовите на прстите масирајте го местото околу 10-тина минути. Постапката повторувајте ја секојдневно и навечер пред спиење.
2. Пилинг
Навлажнете ја кожата и нанесете мешавина од предходно наведените масла и сол за капење или шеќер. Со дланките тријте ја кожата за да ги исчистите од неа мртвите клетки и да овозможите нејзино побрзо обновување.
3. Алое вера гел
Оваа магична билка има моќ да ја обнови и затегне кожата. Гелот нанесете го на подрачјето на кожата каде се наоѓаат стриите, втријте го гелот и оставете го да се впие. Постапката повторувајте ја после секое туширање.
4. Дополнителен совет
Кога и да сте во можност - пешачете. Одберете вежби кои најмногу ви одговараат вам. Важно е да вежбате најмалку три пати неделно. На тој начин ја подобрувате циркулацијата, а кожата станува поеластична и полесно и побрзо се обновува.