Лекции за убавината: Мајка ми никогаш не ме научи да се шминкам и денес сум и благодарна

Без разлика дали станува збор за вашата драга мајка, пријателките или стилистите, секоја жена минува низ патот на откривање на својата убавина.

lekcii-za-ubavinata-vodata-avokadoto-i-ribata-kje-napravat-mnogu-povekje-za-tvojata-koza-otkolku-bilo-koja-maska-01.jpg

Додека за некои убавината е во негувањето на кожата со скапи препарати, за некои доаѓа од внатрешноста, од пиењето многу вода и здравата исхрана.

Ова се неколку искуствени совети кои имаат жените да ги споделат со нас.

1. „Убавината на другата жена не е отсуство на твојата убавина.“

2. „Тежината која ќе ја изгубиш од пушењето цигари не вреди за добиените брчки.“

3. „Добрата фризура и боја на косата можат да направат голема разлика во твојата самодоверба. Најди си фризер по кој никогаш дома нема да си ја досредуваш фризурата.“

4. „Запомни дека за 5 години ќе сакаш да изгледаш така како што си изгледала денес.“

5. „Чувај си секогаш една добра слика во новчаникот за да се потсетуваш дека си убава онаква каква што си.“

lekcii-za-ubavinata-vodata-avokadoto-i-ribata-kje-napravat-mnogu-povekje-za-tvojata-koza-otkolku-bilo-koja-maska-1.jpg

6. „За мене највлијателната лекција била да разберам со што работам. Од одбирањето на вистинската сенка за формата на моите очи, до вистинските бои на пудри за мојот тен. Сето тоа доаѓа со искуството. Тоа е едно долго патешествие на себе-откривањето.“

7. „Водата, авокадото и рибата ќе направат многу повеќе за твојата кожа отколку било која маска за лице.“

8. „Недостатокот на „лекции за убавината“ го изгради мојот стил. Мојата мајка никогаш не ме научи како да се шминкам. Кога излегував употребував само малку маскара и бев љубоморна на девојките кои секогаш беа со кул сенки и кармини. Денес сум среќна што уште во младоста не користев шминка.“

9. „Што помалку - тоа подобро.“

10. „Откриј ја твојата сила. Играј си со твојата коса. Бојата ќе падне. Кога тогаш ќе порасне и што е најважно, секогаш ќе се забавуваш.“

lekcii-za-ubavinata-vodata-avokadoto-i-ribata-kje-napravat-mnogu-povekje-za-tvojata-koza-otkolku-bilo-koja-maska-2.jpg

11. „Мајка ми секогаш ми велеше дека жените кои се убави и интелигентни може да го освојат светот.“

12. „Остани верна на себе си и не дозволувај некој тренд да те освои. Ако однесеш слика од новата фризура на Бијонсе во салонот за убавина, тоа не значи дека ќе изгледаш како неа.“

13. „Не се споредувај себеси со некој друг или со нечија идеа за тоа како треба да изгледаш. Прифати се себеси и работи на подобрување од внатре. Внимавај на твоето здравје, тоа е најважно. Од таму ќе дојде и твојата убавина.“

lekcii-za-ubavinata-vodata-avokadoto-i-ribata-kje-napravat-mnogu-povekje-za-tvojata-koza-otkolku-bilo-koja-maska-3.jpg

14. „Многу сум посреќна сега кога ги игнорирам работите кои „би требало да ми прилегаат“ и го правам тоа што мене ми одговара“.

15. „Секогаш употребувај крема за сончање. Дури и тогаш кога не се сончаш.“

16. „Не е поентата да се прикриваш, туку да играш според твоите линии и црти.“

17. „Практикувај да се заблагодаруваш за тоа како си родена. Твоите маани може да се покажат како доблести. Мојата висина ме правеше несреќна. Секогаш имав проблеми со пронаоѓањето на момче, но денес знам дека оние кои се повисоки се и помоќни.“

18. „Секогаш посветувај еден час од денот само за себе си. Долгите купки со чаша црвено вино прават чуда за моето ментално здравје.“

lekcii-za-ubavinata-vodata-avokadoto-i-ribata-kje-napravat-mnogu-povekje-za-tvojata-koza-otkolku-bilo-koja-maska-4.jpg

19. „Инвестирај во препаратите за негата за кожа. Моите пријателки денес изгледаат многу постаро од мене. Мислам дека е до начинот на кој си ја негував кожата.“

20. „Пиј повеќе вода. Кога ми се грицка нешто солено секогаш пијам чаша вода и потребата си заминува.“

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg