Чекор по чекор: Како со шминка да постигнете природен изглед?
Сигурно слушате и читате за тоа дека не треба премногу да изгледате нападно со шминката или дека момците сакаат девојки со поприроден изглед.
Сепак, сите имаат потреба од мала корекција или истакнување на одредени црти и освежување на лицето.
За сето тоа е потребна шминка, но ако не претерате и ако ја нанесете правилно ќе му дадете сосема природен и убав изглед на вашето лице.
Прв чекор
Пред да почнете со шминкање, важно е да ја подготвите кожата на лицето со соодветна крема за според типот. На тој начин ќе го избегнете нејзиното дополнително сушење или мрсење. Почекајте една минута за да се впие кремата, па почнете со шминкањето.
Втор чекор
Изборот на пудра е една од круцијалните точки при шминкањето. Најдобро е да нанесете неколку нијанси на долниот дел од лицето, кај виличната коска и да ја одберете најдобрата која се поклопува со кожата на лицето и вратот.
Трет чекор
Пудрата нанесете ја почнувајќи од центарот на лицето, во насока на стрелките и еднакво нанесете за да добиете изедначен тен. Нанесете за една нијанса посветол коректор само таму каде што гледате дека сте ја изоставиле потемната зона.
Четврт чекор
Ако сакате вашето лице да го смалите оптички, тоа може да го постигнете со сенчање. Деловите од лицето кое сакате да го ставите во втор план сенчајте го како на сликата, додека веѓите исцртајте ги, но да не бидат премногу нападни, ниту потемни од бојата на косата, за да изгледате природно.
Петти чекор
Нанесувањето руменило значајно се разликува од сенчањето по тоа каде го нанесувате руменилото и во која боја е. Тоа служи за освежување на лицето, па затоа секогаш бирајте розеви нијанси или боја на праска за вашите јаболчници да изгледаат како да се природно румени.
Шести чекор
Карминот или сјајот подобро е да бидат трајни, бидејќи траат во текот на целиот ден. Додавањето безбоен сјај врз карминот дава дополнителна свежина ан усните, а притоа не го размачкувате карминот кој претходно сте го нанеле.
Седми чекор
Маскарата е таа која му дава поголема отвореност на окото, па одберте ја врз оснва на тоа што сакате да постигнете, но и според четкичката, зависно од ефектот кој сакате да го постигнете за погусти, подолги или виткани трепки. Нанесете еден до два слоја за да изгледате поприродно.