Француски совети за убавина кои секоја жена треба да ги послуша
Французинките се едни од најубавите жени во светот познати по својот шарм, елеганција, акцент како и стил поради кои сите им се воодушевуваме.
Доколку сакате да ја дознаете тајната на нивната убавина во сите нивни погледи овие нивни француски совети мора да ги послушате.
Користете маска за лице - секој ден!
Затоа што лицето е еден од најсилните адути на жената кое треба постојано да биде нежно и негувано.
Јадете здрава храна
Која ќе ви донесе витка линија, но и до совршена глатка кожа која е сон на секој маж.
Не јадете што било, одбирајте ја вашата храна, внимавајте на вашиот организам бидејќи внатрешното секогаш се одразува врз надворешната убавина, а французинките тоа добро го знаат.
Не мијте ја косата секој ден
Косата има сопствена масност која и е потребна за да се храни и да расте побрзо, но ако ја миете секој ден таа масност ќе премине во крутост и ќе предузвика првут на вашиот скалп. Спречете го тој ефект со миење на косата барем преку еден ден за почеток.
Не се шминкајте нападно - помалку е повеќе!
Помалку е повеќе, што би рекла Коко Шанел, а французинките сериозно го сфатиле овој совет и секако го применуваат. Со помалку нападна шминка ја истакнувате природната убавина и се чувствувате удобно во своја кожа, запоменете го тоа.
Користете парфем и лосион за тело - секој ден!
Жена која не користи парфем нема иднина, уште една мудра изрека на Коко која е позната по своите парфеми кои се сон на секоја жена.
Користете парфем и лосион за тело секој ден препорачуваат французинките, бидејќи секоја жена заслужува да мириса прекрасно и да се чувствува привлечно секој ден.
Не покажувајте повеќе од потребното
Секогаш кога се двоумите помеѓу мини здолниште, или здолниште над коленици одберете го второто и никогаш не покажувајте повеќе од потребното.
Нека вашата облека биде доволно кратка и отворена за да ја искаже вашата линија, но доволно долга и затворена за да ја задржи вашата сензуалност и мистериозност по која мажите ќе полудат.
Секогаш одлучувајте се за елегантен накит, наместо нападен и гломазен
Последното правило се однесува на накитот, бидејќи денес модата варира и постојано излегуваат нови парчиња накит кои се гломазни и привлечни за око, но не делуваат елегантно.
Секогаш одлучувајте се за елегантен накит кој ќе ја истакне вашата кротка женственост, а насмевката нека биде накитот кој ќе ве краси во секоја прилика, советуваат убавите французинки.