Искрени одговори на жените ширум светот - Зошто си го сакам телото иако не е совршено?

Секоја жена или девојка има свое тело кое е различно од телото на другите припаднички на понежниот пол, независно дали се работи за слабо, полничко или средно тело, големи колкови, големи гради или пак голем задник.

iskreni-odgovori-na-zenite-sirum-svetot-zosto-si-go-sakam-teloto-iako-ne-e-sovrseno-01.jpg

Направена е анкета ширум светот за тоа како жените го перцепираат своето тело и не се срамат да го кажат тоа јавно пред светот, но и пред ликот кој го гледаат во огледало.

Ова се нивните одговори на прашањето - Зошто си го сакаат телото иако не е совршено?

"За некои сум премногу слаба, а за некои сум нормална. Некои понекогаш дури ми даваат епитет на анорексична личност, но тоа не ме повредува бидејќи знам дека се хранам здраво и повеќе отколку што се хранат анорексичните личности. Си го сакам своето тело иако сум слаба, немам големи гради и голем задник како повеќето светски старлети во денешно време, бидејќи тоа едноставно сум јас и не посакувам да бидам како никој друг." - Кристи (29)


"Млада сум и имам убаво тело, според мене. Не ми е грижа како другите луѓе ме перцепираат по улица. Важно ми е како гледа на мене мојот дечко. Иако имам стомаче и мали гради тој ме сака таква каква што сум. Ме научи како да се сакам и прифатам себеси и своето тело иако тоа не е совршено, бидејќи на крајот на краиштата никој не е совршен, нели?" - Ана (24)


"Имам лузна од царскиот рез на стомакот од мојата прва бременост, но тоа не ми пречи да се појавам во бикини на плажа. Не се срамам од моите лузни бидејќи тие покажуваат дека јас сум довела живо суштество на овој свет со што треба да се гордеам, а не да се срамам. Иако имам родено три деца, се обидувам да останам во форма. Немам целулит и телото ми е цврсто, но не ми пречат моите големи гради кои не се толку кренати како порано, сепак имам 42 години, а тоа е природно на моја возраст." - Ема (42)


"Полничка сум и тоа ми годи, не се обидувам да ослабнам бидејќи дебелината е вродена во мојата генетика. Знам дека доколку се одлучам да го направам тоа ќе успеам да ослабам, но не сакам, едноставно се сакам каква што сум, со големи колкови, гради и широки нозе, а знам дека и мојот сопруг ги обожава моите облини, па зошто би се менувала?" - Џена (37)


"Можеби многу од вас ќе ме класифицираат во оние дебели жени кои не се грижат за своето здравје иако не знаат дека секој ден се трудам да ослабнам. Не ми пречат моите големи гради и колкови, но ме плашат болестите кои можам да ги добијам поради мојата тежина. Во глобала сум духовита жена која ужива во своја кожа и не посакува да биде како оние анорексични модели на пистите кои умираат од глад само за да бидат екстремно слаби." - Наталија (39)

Зошто вие го сакате своето тело, иако не е совршено?

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg