Бизарни пластични операции по кои полуде светот

Секогаш се појавува некоја нова процедура која ветува чуда и по која сите полудуваат, но набрзо целосно ја забораваат.

bizarni-plasticni-operacii-po-koi-polude-svetot-02.jpg

Тоа е она што пластичните хирурзи го нарекуваат повторувачки круг.

Што е во центарот на тој круг моментално? По какви бизарни зафати лудува целиот свет? Откријте во продолжение:

1. Операција „Пепелашка”

Не ве собира во најубавите штикли? Повеќето жени би се откажале и би тргнале во потрага по други чевли, но за некои единствено решение е пластичната хирургија. Многу жени се согласуваат на операција, која се состои од отстранување на дел од почетокот на палецот на ногата, за полесно да носат високи потпетици.


2. Простор помеѓу нозете

Оваа градба на тело која е препознатлива за супер моделите ја посакуваат многу жени во светот. Нејзин заштитен знак е просторот помеѓу бутовите кој создава визуелно слабеење на нозете, а многу жени во светот го добиваат овој ефект со помош на третман со ладен ласер, кој ги уништува вишокот ткива на внатрешната страна од колковите и бутовите.


3. Трансплантација на трепки

Оваа трансплантација оригинално е развиена за жртви од пожари, но сега е достапна за сите кои сакаат густи трепки. Се состои од пресадување на влакненца од косата од вашето теме, директно на трепките, а резултатите се импресивни. Единствен проблем е што ќе морате некое време да ги кратите трепките.

bizarni-plasticni-opercii-po-koi-poludea-amerikancite-1

4. Трајна депилација за мажи

Не се само жените тие кои сакаат таму доле да немаат влакненца, туку и мажите. Тие може да одберат дали сакаат ласерско отстранување на влакненцата, затегнување на кожата или изедначување на бојата на кожата. Третманите се слични како оние за чистење на лице, само што овој пат се прават на подрачјето на половиот орган на мажот.


5. Реконструкција на ушните школки

Оваа операција која се состои од составување на увото во неговото првобитно издание, а била наменета за личности кои имале големи пирсови. На почетокот од оваа година, војската на Америка забранила војниците да имаат поголеми дупки на ушите од 1.6 милиметри, па многу војници завршиле под нож, со цел да ја отстранат штетата од пирсовите.


6. Гради за летен одмор

Ако вообичаено не ви пречи големината на градите, но посакувате да бидат барем малку поголеми во бикини, тогаш во блиска иднина вашиот проблем ќе се реши. Така наречените „гради за летен одмор” жените ќе може да си дозволат од 2016-та година, со тоа што ќе ги зголемат градите во времетраење од 3 до 4 недели со помош на инјекции.

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg