Каков лак имате на ноктите? Жолт носат среќните, а син стабилните девојки
Како што секој детаљ на нас зборува за тоа кои сме и какви се нашите карактеристики, така и преку лакот на ноктите можете многу да откриете.
Погледнете ги ноктите и откријте дали сте среќни, предизвикувате за секс или барате само утеха:
Црвен лак - Секогаш модерна боја, посебно за девојките кои се чувствуваат како штотуку даго освоиле светот. Ова се снаодливи девојки кои постојано сакаат да провоцираат и да повикуваат на секс.
Жолт лак - Ако сакате вашите нокти да се гледаат од далеку, тоа открива дека сакате кога сте во центарот на вниманието. Жолтата асоцира на среќа, радост и оптимизам.
Зелен лак - Вие сте личност која често дава совети и помош, затоа што има големо разбирање за луѓето. Оваа боја е спротивна на црвената, па претставува сигурност и спас.
Портокалов лак - Ако посебно ја сакате оваа боја, значи дека сте неверојатно дружељубива личност. Обожавате кога сте опкружени со пријатели.
Син лак - Личностите кои ја сакаат оваа боја се стабилни и имаат многу подлабоки вредности.
Розов лак - Се работи за отворена личност која не ги крие своите чувства. Колку што розовата нијанса на лак е потемна, толку пострасна личност се крие во вас.
Виолетов лак - Затоа што е мешавина на црвената и сината, виолетовата боја симболизира смиреност и духовност. Нанесете ја оваа боја на ноктите кога ви е потребна целата енергија која ја имате.
Црн лак - Црната открива сериозна личност. Оваа јасна бариера ви овозможува утеха и ве штити од надворешниот свет.