Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бојадисајте ја косата со помош на кафе

Девојките кои имаат здрава и негувана коса, не се родиле со таква, туку за разлика од останатите тие ја одржувале со правилно негување.

bojadisajte-ja-kosata-so-pomos-na-kafe-1

Ако сте забележале дека боите за коса кои ги купувате во продавница, агресивно делуваат на косата и содржат хидроген кој дополнително ја прави сува, тогаш време е да посегнете по природни препарати.

Пробајте го овој безопасен рецепт, кој ќе ви помогне да ги сокриете белите влакна и на природен начин да ја бојадисате темната коса.

Потребни состојки:

Кафе - потребни ви се 3 до 4 кафени лажички инстант кафе (во зависност од должината на косата) Исто така можете да искористите и една чаша свежо црно кафе.

Регенератор за коса или јогурт - половина чаша

Начин на употреба:

Во стаклен сад помешајте го кафето и регенераторот за коса. Мешајте додека не добиете смеса, а потоа ставете еден пешкир околу врат за да ја заштитите облеката. Со помош на четка за бојадисување или со помош на прстите, добиената фарба нанесете ја на косата.

Најдобро ќе ја нанесете ако започнете од коренот на косата кон врвовите. Кога ќе ја поминете целата должина на косата, дополнително додајте повторно фарба со помош на прстите.

Косата исчеткајте ја и врзете ја во пунџа. Потоа ставете пластична кеса или алуминиумска фолија за косата побрзо да ја „прими” фарбата. Оставете ја да дејствува 1 час, а ако сакате потемна боја, тогаш оставете ја дополнителни 30 минути. Мијте ја косата, додека не стане целосно чиста.

Дополнителни совети:

- Ако за првпат ја третирате косата на овој начин, истото направете го и следниот ден.

- Ако имате бела коса или светла боја на коса, немојте да ја фарбате со овој третман.

- Ако во комбинација додадете и природна кана, косата ќе изгледа здрава, ќе добие прекрасен сјај и фарбата ќе се задржи подолго време. 

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg