Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


AVON ја претставува новата маскара Big&Daring

Во Кампања 13 во третиот квартал од 2014 година, козметичката компанија AVON ја најавува новата маскара Big&Daring со нова, иновативна формула за 6 пати погусти трепки.

avon-ja-pretstavuva-novata-maskara-big-and-daring-1.jpg

Револуционерната гел-крем формула употребена во маскарата Big&Daring е помазна и побогата и содржи колаген, кератин, аминокиселини  и протеини. Овие состојки им даваат екстра волумен на трепките и истовремено ги одржуваат меки и еластични. Новата формула делува на тој начин што беспрекорно ги обликува трепките, без притоа да настане згрутчување или размачкување. Нејзината гел структура формулирана во луксузна микро-емулсија со комплекс од колаген обезбедува  неверојатно еластично и лесно чувство на трепките и ги прави свиленкаво мазни и меки.

Покрај иновативната формула, за маскарата Big&Daring е создадена и т.н. VOLUME BUILDING четкичка, која е закривена и одговара на природниот облик на очниот капак. Четкичката содржи специјални патентирани влакна кои стигнуваат до секоја трепка и совршено ги раздвојуваат од коренот до врвовите, додека пак закривениот облик на четкичката ги дефинира трепките со само две нанесувања.

Инспирирана токму од иновативниот дизајн на четкичката, професионалниот стилист и експерт за шминка на AVON Васка Леонтиќ, вели дека при изборот на маскара, особено треба да се внимава на обликот на нејзината четка.

avon-ja-pretstavuva-novata-maskara-big-and-daring-2.jpg

„Четкичката на маскарата Big&Daring има облик кој одговара на природната линија на очниот капак, со што мазно и рамномерно ја нанесува маскарата без да создава грутчиња, а нејзината формула со течен состав ги прави трепките меки и лесни“, изјави Васка Леонтиќ.

Маскарата Big&Daring ја има во црна и кафено-црна нијанса, а ќе биде достапна за порачување од брошурите на AVON од септември 2014 год.

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
7 предлози за маникир кои се хит ова пролет, според козметичари Како и секоја пролет, популарни се цветните дезени, но и впечатливиот маникир ин...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Фризури кои ќе бидат хит во 2025 година – природниот изглед доминира Долга права коса или ретро боб без многу стилизирање – предлог фризури за новата...
Лесни трикови кои ќе ја нагласат убавината на дамите во години Заборавете на црно моливче за очи, обликувајте ги веѓите и внимавајте каква пудр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg