9 фризури кои ќе направат да изгледате 10 килограми послаби
Како што со шминката може да се прикријат некои неправилности и одредени несовршености на лицето, така и фризурата може да допринесе да изгледате помладо или постаро.
Со некои фризури може да изгледате и послабо, како и подобро да ги истакнете цртите на лицето.
1. Долга коса
Кога се двоумите меѓу долга коса и кратка коса, треба да ѝ дадете предност на долгата која го издолжува лицето.
2. Асиметрична боб фризура
Кратката коса одзади и долги прамени напред, ќе го направат вашето лице подолго и потесно. Со патец на средината, овој асиметричен боб го издолжува вашето лице.
3. Густи шишки
Густите шишки допринесуваат вашето лице да изгледа топчесто. Степенестите шишки, наместо рамните со некој плус прамен околу лицето прават да изгледате послабо, наместо пополнето.
4. Степенеста фризура
Степенестите прамени кои го обликуваат вашето лице ќе ја избалансира тежината на косата во однос на лицето, а на тој начин ќе ви го издолжат лицето. Долгата коса и кратките прамени до брадата, патецот на средина или малку на страна ќе направат да изгледате послабо.
Уште 5 фризури за да изгледате послабо на следната страница...