Комплетно обновена кожа за само 1 недела со новата ANEW REVERSALIST колекција од AVON

Козметичката компанија AVON ја претстави новата, подобрена линија на реномираните креми за лице од колекцијата АVON ANEWReversalist. Новата формула овозможува два пати повеќе хидратација, драматично ги намалува брчките и комплетно го обновува изгледот на кожата.

kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-01.jpg

Ексклузивната Tri-Elastinex технологија на која се базираат ANEW кремите обезбедува комплетна обнова на кожата на клеточно ниво и го зголемува создавањето на еластин за 30%, постигнувајќи чудесен ефект и мазен изглед на кожата за само една недела.

 Создавањето на еластин и активин се намалува со текот на годините, кај секоја жена. Како резултат на тоа кожата ја губи својата еластичност и цврстина, не успева да се регенерира и се појавуваат првите брчки. Новата, подобрена верзија на линијата ANEW Reversalist ефикасно го одложува стареењето, преку брзо и драстично намалување на тенките линии и брчките, враќајќи ја цврстината и убавиот и младешки изглед на кожата.

При истражувањето на перцепцијата на корисниците, 93% од жените изјавиле дека нивната кожа изгледа практично без брчки и видливо обновена за само 1 недела од користењето.

 kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-1.jpg

ANEW Reversalist дневен крем за комплетна обнова со заштитен фактор 25 ја подмладува и обновува кожата, ја хидрира, ја прави полна со енергија, со свеж и здрав сјај, а истовремено и ја заштитува од штетните сончеви зраци.

 kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-2.jpg

ANEW Reversalist ноќен крем за комплетна обнова видливо ја подобрува и обновува цврстината на кожата, бидејќи хранливите соединенија кои ги содржи најефикасно делуваат во тектот на ноќта.

 kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-3.jpg

Ефикасниот Крем за околу очи за комплетна обнова не само што целосно ги пополнува тенките линии, туку и моментно го освежува делот околу очите, при што кожата делува одморена, млада и ревитализирана.

 kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-4.jpg

Луксузниот Anew Reversalist експресен коректор за брчки одговара на сите тенови на кожа и може да се користи во секое време, правејќи ја кожата помазна и свиленкаста. Неговата иновативна формула веднаш ги измазнува брчките, а при редовно користење помага во обновувањето на кожата.

 kompletno-obnovena-koza-za-samo-1-nedela-so-novata-anew-reversalist-kolekcijata-od-avon-5.jpg

Серумот за експресно зацврстување на лице од линијата Anew Reversalist може да се користи самостојно, или пак под кремот за лице. Има најконцентрирана Reversalist формула со 5 пати повеќе концентрација на Tri-Elastinex во споредба со дневниот и ноќниот крем. 99% од жените потврдија дека овој серум ја прави кожата да изгледа и да се чувствува поцврсто уште по првото нанесување.

 

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg