7 совети за разубавување за кои не треба да потрошите ни денар
Ако немате пари за теретана, гледајте видеа на Јутјуб или симнете бесплатна фитнес апликација, а ако имате проблематична кожа, менувајте ја навлаката на перницата и по два-трипати неделно.
Иако сите сакаме да изгледаме убаво, не секој може да си дозволи скапи третмани за разубавување или, пак, тренинзи со лични тренери.
Но, за да го подобрите изгледот, не мора секогаш да трошите цело богатство.
Всушност, за некои трикови и совети за убавина, не мора да потрошите ни денар.
Неколку бесплатни (или евтини) совети за разубавување:
Домашен пилинг за тело
Кафето е продукт што сигурно го имате дома, а може да биде идеално за пилинг.
Измешајте 2 лажици кафе, 1 лажица шеќер и 1 лажица маслиново масло.
Смесата искористете ја како пилинг додека се туширате.
Вежбајте со она што го имате одма
Постојат безброј вежби за кои не ви треба никаква опрема, како склекови, стомачни, чучнувања…
Доколку ви требаат тегови, пак, можете да искористите шишиња поли со вода, а наместо да трошите пари на лента за трчање, трчајте надвор.
Ако ја искористите имагинацијата, ќе сфатите дека можете да бидете физички активни и без да одите во теретана или да купувате опрема.
Вежби за двојна брада
Двојната брада е проблем со кој се соочуваат многу жени, а покрај козметичките процедури, постојат и вежби кои можат да ви бидат од помош
Можете да ја пробате следната вежба:
- Навалете ја главата кон назад и погледнете кон таванот.
- Испружете ја долната вилица напред – треба да почувствувате истегнување во областа на вратот.
- Држете ја положбата 10 секунди, па опуштете се и повторете неколкупати.
Покрај вежбите, потрудете се и да ја регулирате тежината бидејќи вишокот килограми можат да создадат масно ткиво под брадата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





