7 совети за разубавување за кои не треба да потрошите ни денар
Гледајте видеа за вежбање
Ако не знаете од каде да почнете со вежбање, на Јутјуб можете да најдете бројни видеа за јога, пилатес, вежби без опрема…
Постојат и бесплатни апликации кои можат да ви направат цел план за вежбање.
Танцувајте
Танцувањето е одлична кардио вежба за која ви треба само музика. На Јутјуб има и видеа со кореографии и танци, па можете да ги користите и нив.
Танцувањето ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите, но и да го подобрите држењето на телото.
Коцки мраз за потечено лице
Масажата со коцки мраз ја подобрува циркулацијата и ќе направи кожата да ви изгледа посвежо. Покрај тоа, одлични е и за подочници.
Само, немојте да ставате мраз директно на лицето бидејќи можете да ја оштетите кожата – завиткајте го во чиста и нежна ткаенина.
Редовно менувајте ја постелнината
Менувајте ја постелнината еднаш неделно, најмногу на двете недели. Ако имате проблематична кожа, тогаш можете да ги менувате само навлаките два-трипати неделно.
Исто така, не заборавајте да ги перете и перниците на 3-4 месеци и ќе избегнете многу проблеми со кожата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





