Тајните за младешки изглед на повозрасни дами од реалноста: „Лицето на баба ми блеска и на 90 години“

Дефинитивно секоја жена би посакала да старее вака. Фото-докази од жени во поодминати години, чие лице изгледа мазно и затегнато, како да се во екот на младоста. 

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-01.jpg

Некои жени изгледаат како да го пронашле еликсирот на вечната младост, па дури и во осмата деценија од животот, лицето им блеска.

Дел од нив, уште од младоста го негувале лицето со соодветни препарати, други пак, само живеат здрав живот, дишат чист воздух и се мијат со ладна вода, а трети, имаат одлична генетика.

На Редит, на тема нега на кожа и рутините, корисниците споделуваат фотографии од нивните мајки или баби, кои се доказ дека има многу прекрасни жени со природна убавина. 

Погледнете во продолжение фотки од младолики жени низ светот и кои се нивните тајни:

„Мојата баба има 80 години. Изгледот се должи на нанесување ладни кремови и заштита од сонце“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-02.jpg

„Мојата баба има 81 година! Таа консумира малку сол и редовно вежба. Еднаш се повреди на вежбање и се шегуваше дека се спремала за Олимпијада“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-03.jpg

„Мојата 78-годишна баба користи козметика со витамин А уште од кога првпат се појавија овие производи на пазарот“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-04.jpg

„Ова е мајка ми на 53 години. По нејзиниот пример, и јас користам крем за заштита од сонце секој ден“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-05.jpg

„Морам да споделам колку совршена кожа има мајка ми на 45 години. Не користи шминка и лицето ѝ е мазно како бебешка кожа. Го мие лицето само со вода и користи по некој тестер што ќе ѝ го подарат, каков било“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-06.jpg

„Баба ми има 82 години и користи рутина за нега на лице со ретинол и витамин Ц, чистач за лице, како и производи за против стареење“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-07.jpg

„Тука баба ми слави 96-ти роденден. Има прекрасна сјајна кожа која блеска, а користи само обичен сапун, сака кожата да ѝ дише“.

tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasni-dami-od-realnosta-liceto-na-baba-mi-bleska-i-na-90-godini-08.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg