9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени
Пред шминкање подгответе ја кожата
Иако е неопходно да ја хидрирате кожсата и во младоста, мејкап артистите велат дека не смеете да нанесете пудра или каква и да е шминка, пред да нанесете хидратантен хрем и да ја подготвите кожата за самата шминка.
Не претерувајте со руменилото и сенките
Како што жените стареат, така треба да користат што е можно помалку боја на лицето.
Кога се шминкате, ставајте само малку руменило, нежна (скоро незабележителна) сенка и дајте му свеж сјај на лицето.
Внесете боја во облеката
Возраста не значи дека треба да носите само темна облека или облека во темна боја (дури и да се неколку нијанси).
Изберете светли бои, силни бои, парчиња што ќе ја разиграат вашата гардероба.
Избегнувајте преширока облека
Дури и да сакате да се „покриете“, избегнувајте облека која е премногу широка и во која ќе изгледате како да носите „вреќа“.
Наместо тоа, избирајте парчиња кои ќе ви бидат удобни и кои ќе ја нагласат вашата фигура (или деловите од телото на кои сте горди).
Не ги заборавајте дланките
Обрнете внимание на негата на рацете - нанесувајте креми, ноктите нека ви бидат уредно исечени и по желба - налакирани.
Кај лакот користете светли бои, а избегнувајте ја црвената (дури и да ви е омилена).
Запомнете - негуваните раце се одраз на убава жена.
А. Ј. | Црнобело