9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени
Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја истакнете убавината ако имате 50+ години?
Убавината не знае за години. Можете да блескате и на 20 и на 50 и на 70 години - а доказ за тоа се жените од целиот свет.
Единствената разлика меѓу времето кога имате 20 и 70 години е начинот на кој треба да се грижите за себе, за својата кожа, за лицето, телото, но и соодветно да ги избирате модните парчиња.
Прочитајте ги советите од стилистите и мејкап артистите за тоа како повозрасните жени да ја нагласат својата убавина...
Користете кафеаво наместо црно моливче за очи
Црното моливче за очи е класика, но ги нагласува и темните кругови под очите. Затоа, ако имате над 50 години, почнете да користите кафеаво моливче, кое ќе направи вашите очи да изгледаат посветли и посјајни.
Купете квалитетна чанта
Чантата е моќен аксесоар и затоа е важно да имате квалитетна чанта која ќе биде одраз на вашиот стил и софистицираност.
Исцртајте ги веѓите
Кај некои жени влакненцата од веѓите почнуваат да паѓаат со годините.
Наместо да изгледате како да немате веѓи, исцртајте ги со моливче кое е во нијанса на вашата коса, или направете третманза трајно исцртување веѓи.
Внимателно негувајте ги усните
Со текот на годините усните стануваат посуви и потенки, па затоа е неопходно да користите козметички препарати кои ќе ги хидрираат и ќе ги направат позабележливи.
Исто така, препорачливо е да користите само кармин или сјај за усни, а да избегнувате да ги контурирате со моливче.