Зошто се јавуваат бели точки на лицето и како да ги отстраните?

Пробајте продукти со ретинол

Ретинолот е форма на витаминот А и помага во борбата против акни и предвремени брчки.

А, кај некои помага и при справувањето со белите точки.

Само имајте на ум дека продуктите со ретинол можат да ја иритираат кожата.

Затоа, почнете со најмал процент на ретинол и прво нанесувајте го 2-3 пати неделно.

Ако немате реакции, постепено почнете да го нанесувате секој ден.

zoshto-se-javuvaat-beli-tochki-na-liceto-i-kako-da-gi-otstranite-05.JPG

Користете салицилна киселина

Салицилната киселина го поттикнува природното прочистување на кожата и ги чисти порите.

Поради ова, добра е за кожа склона кон акни, а може да помогне и ако имате бели точки на лицето.

zoshto-se-javuvaat-beli-tochki-na-liceto-i-kako-da-gi-otstranite-06.jpg

Немојте да ги стискате

За повеќето, решение за мозолчињата е стискањето.

Не е препорачливо да ги стискате мозолчињата, а уште помалку белите точки.

Нема да ги отстраните белите точки со стискање и можете само да си предизвикате црвенило и рани на кожата.

zoshto-se-javuvaat-beli-tochki-na-liceto-i-kako-da-gi-otstranite-7.JPG

Консултирајте се со дерматолог

Иако белите точки не се опасни, ако не ви се допаѓа изгледот и никако не можете да се ослободите од нив, секогаш е добро да се консултирате со дерматолог.

Стручното лице ќе ја открие причината за нивната појава и ќе ви даде соодветен третман.

zoshto-se-javuvaat-beli-tochki-na-liceto-i-kako-da-gi-otstranite-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg